Што откриваат прстите за вас и вашето здравје

Прстите не се само дел од човековото тело. Тие може да укажат на некои здравствени проблеми како и на карактерот на личноста.

sto-otkrivaat-prstite-za-vas-i-vaseto-zdravje

Д-р Мајкл Ниренберг тврди дека прстите зборуваат. „Прстите се огледало на нашето здравје. На нив можеме да ги забележиме првите знаци дека нешто не е во рд со нашиот организам“ рекол Д-р Ниренберг.

Денес покрај сите достапни анализи докторите ретко ги гледаат прстите на пациентите. За разлика од денес, во минатото лекарите прво ги гледале прстите за да утврдат дали пациентот боледува од некое заболување.

Еве што „зборуваат“ прстите за нас. Дознајте на која група и припаѓате.

1. „Знаете да работите со пари“
Ако показалецот ви е подолг од до малиот прст тоа би можело да значи дека знаете добро да работите со парите. Универзитетот Кембриџ спровел истражување на 49 трговци и добил резултати дека тие со подолг показалец заработувале десет пати повеќе од оние со пократок показалец од до малиот прст.

2. Анемични сте
Верувале или не, здравјето на вашите прсти е првиот показател за здравјето на вашиот организам. Слабите нокти кои „цветаат“ може да преставуваат знак дека сте анемични, тврди Д-р Карен Бурис од Американскиот центар за акупунктура. Додава и дека анемичноста води до губење на косата, сува кожа и нокти, покрај сите други појави.

3. Имате потенцијал да станете шеф
Ова не е научно потврдено, но од дамнешни времиња е врежано мислењето дека оние кои имаат пократок ножен палец од вториот прст имаат потенцијал да станат шеф или доминантна фигура во своето опкружување. Ова се нарекува Мортонов прст.

4. Здравствени проблеми
Универзитетот во Нотингем спровел истражување кое дало резултати дека луѓето со показалец пократок од до малиот прст имаат двојно поголеми шанси да заболат од остеоартрит, отколку луѓето кај кои тој прст е подолг. Истражувањето е спроведено на две илјади пациенти. Ова пореметување има врска и со хормоните и нивото на естроген во организмот.

5. Не се храните добро
Премалиот внес на калциум во организмот доведува до слаби нокти, но и нокти во облик на лажица кои укажуваат на недостаток на Витамин Б во организмот. Малите бели дамки на ноктите укажуваат на недостаток на цинк во организмот, тврди Д-р Ниренберг.

6. Проблеми со дишењето
Заоблените нокти често пати ги има кај луѓе кои страдаат од хронични респираторни, или срцеви заболувања кои го зголемуваат нивото на кислород во крвта. Ноктите тогаш се шират и стануваат заоблени.

Би можело да ве интересира:

Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg