Јога диета – за слабеење и обликување на телото

Јога диетата преставува збир на правила кои, иако крајно едноставни, даваат одлични резултати, видливи и на вагата но и на телесните облини. Не мора да се занимавате со јога за да ги примените правилата.

joga-dieta-za-slabeenje-i-oblikuvanje-na-teloto

Ваквата исхрана всушност ве поттикнува да користите производи кои се корисни за вашето тело, а кои релативно лесно можете да ги најдете и извор им е - природата.

Значи, не мора да користите разни видови вештачки витамини и хранливи таблети, бидејќи сите неопходни супстанци секојдневно ги добивате со внесување на квалитетни и добро балансирани намирници.

Со јога диетата можете да водите исполнет и здрав живот, истовремено штитејќи го своето тело од разни заболувања и болести. Оваа диета ја поддржува природната рамнотежа на силите во телото, ги збогатува органите и ткивата со корисни нутритивни и ја подига менталната енергија. Правилата на јогата се многу едноставни и разбирливи.

Основни правила

  • Никогаш не јадете стоејќи. Седнете и уживајте во јадењето.
  • Јадете три оброци дневно
  • Никогаш не ја подгревајте храната повторно
  • Пијте 6-8 чаши вода дневно. Немојте да ја замените водата со чаеви, сокови и други пијалаци.
  • Избегнувајте пржена храна, оваа храна е многу тешка за варење и го иритира желудникот.
  • Направете храната да биде привлечна, на пример украсете ја со свежи растенија.


Важен е изборот

Можете да јадете различна храна. На пример, денес јадете чорба од риба и риба. Утре јадете пилешка супа и пилешко месо. Можете да направите многу едноставна салата од зелка, цвекло, морков и кромид. Варијациите се бројни а единствено ограничување ви е фантазијата.

Распоредот на оброците со два појадока дава можност оброците да ги распоредите така да не гладувате и лесно да се прилагодувате на секој дневен ритам. Оброците се балансирана исхрана и телото не страда од недостаток на витамини и минерали. Ефектот на јога диетата може да се подобри со секојдневна физичка активност.

Иако носи име во кое се спомнува јогата – не  е неопходно да се занимавате со јога – доволна е четириесет минутна активна прошетка, возење велосипед или пливање. Важно е секојдневно да сте во планирано движење.

Мени

  • Прв појадок: 150-200 грама било кое овошје.
  • Втор појадок: Чинија супа од зеленчук без маснотии (250ml), 100-150 грама посно варено месо (телешко, јунешко, риба или пилешко без кожа), салата од свеж зеленчук без додатоци (можете да ја зачините со сок од лимон).
  • Ручек: Чинија супа од зеленчук без маснотии (250ml), 100-150 грама сирење или варено јајце, салата од свеж зеленчук без додатоци (освен сок од лимон), чаша јогурт без маснотии, или млеко.
  • Вечера: 150-200 грама било кое овошје.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg