5 добри причини зошто би требало и денес да пиете јогурт

5-dobri-pricini-zosto-bi-trebalo-i-denes-da-piete-jogurt

За појадок, меѓу оброк или десерт, збогатен со свежо овошје и житарици или пак засладен со сируп или мед, јогуртот е немирница вредна за восхит.

Освен што е лесен и здрав овој млечен производ сокрива неверојатни благодети. Дознајте кои!
 
1. Јогурт за тенка става
Јогуртот содржи многу малку калории. Со внесување на јогурт во организмот (како меѓу оброк) внесуваме калциум кој го сигнализира излачувањето на хормонот кортизол, што го олеснува слабеењето додека аминокиселините помагаат во согорувањето на масните наслаги. Започнете го денот со јогурт кој совршено ќе се спои со свежо или сушено овошје и житарици.

2. Јогурт за бели заби
И покрај шеќерот, јогуртот не предизвикува кариес – најчестата причина за расипување на забите. Исто така млечната киселина ги штити непцата и забите, а делува и позитивно на слузницата, а калциумот помага забите да останат бели. Еден јогурт дневно за бели заби.

3. Јогурт за здравје
Корисните бактерии од јогуртот кои се создаваат со ферментација, го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Денес, многу видови јогурт содржат посебни видови пробиотици кои помагаат при регулацијата на варењето и го зајакнуваат имунитетот. Пробиотиците имаат дејство како природни антибиотици, па поради тие причини се многу важни, бидејќи го спречуваат растот и развојот на различните бактерии.

4. Јогуртот е полн со витамини и минерали
Јогуртот и млечните производи се одличен извор на протеини, минерали и витамини. На прехранбената пирамида се на исто ниво со месото, рибата и јајцата. Само една порција јогурт е значаен извор на калциум, магнезиум, калиум, фосфор, рибофлавини, јод, цинк, но и витамини Б5 и Б12. Јогуртот е важен и за контракција на мускулите, за згушување на крвта како и за нормалната работа на нервниот систем во целина.

5. Јогуртот за регулација на притисокот
Истражувањата покажеле дека дури 70 проценти од луѓето секојдневно консумираат двојно повеќе соли од препорачаната дневна доза. Со време тоа доведува до висок крвен притисок, болести на бубрезите и срцето. Калциумот и калиумот во јогуртот помагаат при исфрлање на вишокот соли од организмот и го снижуваат крвниот притисок.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg