Добри и лоши страни на самодовербата

dobri-i-losi-strani-na-samodoverbata

Секоја самодоверба не е онаа вистинската. Не му верувајте на тонот со кој нешто е речено, размислувајте критично, а не како што е речено.

Самодовербата и вербата во себе се клучни за остварување на секоја животна цел. Кога за себе имаме добро мислење, добро се чувствуваме, зрачиме со позитивна енергија и ни се чини дека сè полесно постигнуваме.

Некој кој е попотполно уверен дека е во право, дека има одлична идеа и дека ја прави вистинската работа, многу лесно ќе ги убеди другите во тоа.

Како што често ни зборуваат не можеме да ги сакаме другите ако не се сакаме себеси, така и другите ќе ни веруваат само ако си веруваме себеси.

Не верувајте во себе ако...

-  Вашето доживување за себе зависи од туѓото мислење

-  Ако не знаете да се одредите според своето мислење

-  Ако трпите непочитување и навреди на своја сметка

-  Ако се чувствувате неповикани да го преиспитате она што ви е речено

Верувајте во себе ако...

-  Цврсто верувате во одредени вредности и принципи и подготвени сте да ги браните

-  Во состојба сте да работите во склад со она што мислите дека е најдобро, верувајќи и на својата проценка, немате чувство на вина кога на другите не им се допаѓа вашиот избор

-  Не губите време на непотребна грижа, имате полна доверба во своите капацитети за решавање на проблемот, барате помош од другите кога ви е потребна истата

-  Себеси се сметате еднакви со другите, ниту супериорни ниту инфериорни

-  Не размислувате за тоа како ве гледаат другите, дали сметаат дека сте вредни, дури и ако станува збор за вашите пријатели

-  Се спротивставувате на манипулациите, соработувате со другите само ако ситуацијата е соодветна и примерна.

Верувате ли вие во себе?

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg