Кои луѓе треба да ги држите подалеку од својот живот?
Ако во животот имате во близина луѓе кои на било кој начин негативно влијаат на вас, треба да ги одалечите од себе.
Психолозите велат дека на тој начин ќе го сочувате психичкото здравје и ќе го направите поквалитетен сопствениот живот.
Па ... еве кои се тие луѓе....
Колеги кои озборуваат
Некогаш е интересно да чуете „деловни“ информации, но признајте дека не уживате премногу во нив. За да го спречите тоа избегнувајте колеги озборувачи. Ако поминувате премногу време во друштво со таква личност, предупредуваат стручњаците, и вас многу бргу ќе ве доживуваат како личност која сака да озборува.
Совет: Претераната изложеност на такви информации го загрозува и вашето чувство на самопочитување.
Поранешен љубовник/љубовница
Како што објаснуваат психолозите, жената/мажот кој што во близина го држи бившиот затоа што на тој начин сака да ги одржи сексуалните односи со него, всушност си оневозможува вистинска среќа.
Совет: Бившите треба да останат бивши за да можеме своите стари чувства да ги оставиме во минатото и за да бидеме отворени за нови врски.
„Правосмукалка“
Имате пријателка/пријател кои баш и не ви се допаѓаат, но се дружите со нив поради чувство на вина? Факт е дека тоа вам не ви користи, ниту ним. Вие од дружењето се враќате исцрпени и уморни. Ништо чудно со оглед на тоа дека таквите личности најчесто се нарекуваат „правосмукалки на енергијата“. Таквите личности постојано се жалат, никогаш ништо не им одговара и се гледаат црно.
Совет: Дружете се со личности кои кај вас ќе будат среќа и ќе ви пружат поддршка. Тоа не значи дека ако некој од вашите пријатели во монетот е лошо расположен, треба да го избегнувате.
Пријател непријател
Тој/таа ви е пријател, ни и непријател. Како е тоа можно? Наместо поддршка од него/неа ќе добиете натпревар, ќе ви каже нешто што уште повеќе ќе ве растажи, а кога зборувате за својата нова љубов, тој/таа ќе настојува што повеќе да ја оцрни.
Совет: Некои веруваат дека тоа е нормален облик на пријателство, бидејќи на тоа се навикнале. Но, тоа не е нормално и затоа направете го својот живот поубав тргајќи ги таквите личности подалеку од себе.
Пријател кој лошо влијае на вас
Пријателот со кој ви е многу забавно, често пати го буди она најлошото кај вас. Ако полсе дружењето се пашувате што се случува со вас, тогаш тоа е сигнал дека пријателот не е баш најдобрата комбинација за вас. Во ред е ако понекогаш направите нешто непромислено ако секое дружење се завршува со лоши ситуации, постои опасност да стекнете лоши навики.
Совет: Опкружете се со луѓе кои што го будат најдоброто кај вас.
Пријател кој е секогаш без пари
Било да станува збор за пријател кој секогаш очекува да му платите пијалак или често да му позајмувате пари, тоа не е личност на која што треба да го трошите своето време.
Совет: Тоа се пријатели кои само ве искористуваат, а тоа чувство не е добро.