5 здравствени проблеми од кои треба да се чувате преку лето
Не барајте спас од жештината во студените напитоци или во претерано климатизираните простории бидејќи тоа може да биде лошо за здравјето.
Ако температурата надвор го помине триесеттиот степен, а вие влегувате во климатизирана просторија, организмот нема да може во кус рок да се адаптира на толку брза промена и ќе доживее шок.
Лекарите секое лето повторуваат дека треба да внимаваме на штетното зрачење, дехидратацијата, топлотниот удар и сончаница, но предупредуваат и на опасност од претерано и несоодветно разладување.
Погледнете од кои летни замки на летото треба да се чувате.
1. Чувајте се од промаја
Кога сте испотени, не правете промаја во просторијата во која што боравите ниту во автомобилот додека се возите. Воздухот што струи ве освежува само на кратко, а може да ви донесе бројни проблеми, како кивавица, кашлица, болки во ушите, вртоглавица, вкочанетост на вратот, рамениците и грбот. Промајата бргу ја лади кожата и ги надразнува нервите, поради што може да се јават потешки компликации, како што е искривување на мускулите на лицето.
Совет: Не седете на промаја. Кога ја проветрувате просторијата или автомобилот, излезете на кусо.
2. Внимавајте каде седнувате
Седењето или лежењето на студени површини, особено во воден костум за капење го зголемува ризикот од воспалување на мочниот меур. За тоа посебно би требало да поведат сметка жените бидејќи се повеќе подложни на инфекции на мочните патишта. Фактот дека тие инфекции најчесто ги предизвикуваат бактерии, кои полесно продираат доколку одбранбените механизми на мочните канали и на мочниот меур се ослабени.
Совет: Ако немате резервен костум за капење кој би го облекле по излегувањето од вода, седете на сонце додека не се исушите.
3. Прво туш, потоа базен
Топлото ги шири крвните садови, а студеното ги стеснува. Поради тоа не треба да влегувате во вода веднаш по сончањето. Брзото разладување на загреаното тело може да предизвика колапс на кардиоваскуларниот систем, а особено може да биде опасно за они што имаат проблеми со циркулацијата.
Совет: Ако подолго време сте биле на сонце, истуширајте се пред да влезете во вода. Ако нема тушеви, тогаш во вода влегувајте постепено, наводенувајќи дел по дел од телото.
4. Брзи промени на температурата
Ако температурата надвор го надминува триесеттиот степен, а вие влегувате во климатизирана просторија, организмот нема да може во кус рок да се адаптира на толку брза промена и ќе доживее шок. Како последица од долготрајното престојување во климатизирана просторија може да се вкочанат мускулите, да настинете , да зарипнете или да добиете воспаление на ждрелото.
Совет: Разликата помеѓу температурата на климатизираниот простор и надворешната температура не смее да биде повеќе од шест степени.
5. Сок да, но без мраз
Премногу студени пијалаци преставуваат температурен шок за слузницата на ждрелото и гласните жици, па се јавува засипнатост, гребење во грлото и болка при голтање. Водат од фрижидер и напитоци со многу мраз не се добри за желудникот, бидејќи го успоруваат варењето. Ваков вид на разладување во текот на летните денови особено треба да го избегнуваат оние што страдаат од гастрит или чир.
Совет: Разладувајте се умерено. Пијте течности разладени на собна температура, свежи сокови од овошје и зеленчук, минерална вода и млаки незасладени чаеви.