10 совети за здрави и убави нозе и стапала
За време на летото на нозете треба да им се посвети поголемо внимание за да се спречи пукањето на капиларите болните отекувања на зглобовите и потењето на стапалата.
10 совети за здрави и убави нозе и стапала:
1. Туширајте ги нозете и стапалата наутро и навечер наизменично со студена и топла вода.
2. Дозволете си млаки купки за нозете во вода во која сте ставиле морска сол и неколку капки релаксирачки етерни масла како рузмарин, лаванда, боровинка и мента.
3. Туширањето или купките наутро завршете ги со студена, а навечер со топла вода.
4. Кога и да можете, повеќе пати во текот на денот малку поодете и подигнете ги нозете во водорамна положба, потпирајќи ги на перниче или столче.
5. Воопшто секојдневно повеќе одете и консумирајте Витамин Ц. Така ќе ја ублажите појавата на проширени вени и пукање на капиларите како и болни отоци на зглобовите.
6. Секојдневно негувајте ги нозете со некоја крема за стимулативно дејство на вените и капиларите.
7. Обидете се да одите редовно на масажи и педикир
8. Ако педикирот го правите дома настојувајте да не ја сечете кожата на ноктите за да избегнете воспаленија - едноставно по турпијањето и обликувањето на ноктите благо поттурнете ја кон коренот на ноктите и намачкајте со блага антисептична крема.
9. Грубата кожа на работ од стапалата по туширањето исчеткајте ја со груба четка, а петиците со камен или за тоа предвидена турпија, потоа измијте ги и намачкајте ги со крема.
10. Немојте да заборавите дека женските нозе и стапала побргу стареат од машките За што подолго да ги задржите здрав, млад и свеж изглед на стапалата негувајте ги секојдневно со еднакво внимание како што го негувате лицето и телото.