Потполно природни начини за лекување на убоди од комарци
Иако комарците пренесуваат некои смртоносни болести, за повеќето луѓе тие се инсекти кои иритираат, чие каснување предизвикува само чешање.
Со чешањето само го зголемуваме проблемот, бидејќи тогаш кожата пука и местото на каснување се изложува на поголем ризик за инфекција.
Чешањето предизвикува поголемо воспалување, што води кон уште поголем болка.
Постојат неколку природни начини за ублажување на чешањето.
- Студената терапија со мраз предизвикува моментално олеснување. Мразот ги умртвува нервните завршетоци и помага да не чувствуваме болка и чешање.
- Оцетот поради својата киселост и медот благодарение на своите својства против воспалителни и антибактериски помагаат да се намали чешањето.
- Сода бикарбона е благо алкално соединение кое може да ја неутрализира pH на кожата. Благодарејќи на тоа, се намалува воспалението што се појавува на површината на кожата.
- Листовите од босилекот содржат камфор и тимол, две хемиски соединенија кои го ублажуваат чешањето.
- Хемиските соединенија и супстанци во корката на бананата исто така може да помогнат, бидејќи ја извлекуваат течноста од убодот.
- Иако примарно се користи како лек за изгореници, алое вера е добар и кога станува збор за каснување од комарци бидејќи го намалува чешањето и воспалувањето.
- Смесата на вода и млеко нанесена на местото на каснување исто така го намалува воспалувањето, отекувањето и чешањето.
Би можело да ве интересира:





