Победете го попладневниот умор
Три часот попладне, а вашата енергија е на минимум. Тешко се концентрирате, а на памет ви доаѓа само чоколадо и сон. Сепак, постојат начини како...
...можете да ја вратите енергијата, а притоа да не добиете отказ, а и да не гладувате.
1. Планирајте. Борете се со уморот однапред. Ручајте порција јаглехидрати (леб или тестенини) со порција протеини (пилешко). Завршете со овошје наместо со десерт. Тоа ќе ви помогне енергетски полесно да го пребродите попладнето.
2. Напијте се шоља кафе. Кафето е најдобро да го пиете половина час по ручекот. Енергетско влијание од кафе нема да имате ако пиете низ целиот ден, затоа што телото полека се привикнува.
3. Грицкајте паметно. Ако нивото на енергија ви паѓа на два до три часа по ручекот, тогаш потребен ви е некој меѓуоброк. Потрудете се ова да биде нешто квалитетно, како сирење не многу масно, овошен јогурт, јаболки или некои зрнести плодови.
4. Не заборавајте да пиете вода. Ако дехидрирате ќе бидете уморни. Чувајте си шише со вода секогаш до вас.
5. Придвижете се. 10 минути пешачење на пауза ќе ви ја врати енергијата, а и ќе стопите некоја калорија.