3 експресни начини да го поправите расположението
И вештачката насмевка може да го поправи доброто расположение. На почетокот може ќе биде потешко, но кога ќе научите да се смеете, насмевката...
...ќе доаѓа почесто и поспонтано и расположението ќе ви биде на ниво.
За само триесет секунди ќе го поправите расположението. Ова се три начини како тоа да го постигнете.
1. Дишете длабоко
Вдишете и и здишете неколку пати по ред. Дури 70 проценти од лошите емоции ги празниме преку белите дробови, со добар начин на дишење. Дишењето е рефлексно и не размислуваме за него. Длабокото, правилно дишење, особено ако е покрај отворен прозорец или во природа – прави чуда.
2. Истегнете се
Лесно раширете ги нозете, а рацете подигнете ги нагоре, па истегнете се најмногу што можете. Истегнете се силно, како да сакате да ги досегнете ѕвездите. Повторете го тоа неколку пати. Крвта ќе проструи во телото и веднаш ќе с епочуваствувате подобро.
3. Напијте се малку вода
Во составот на мозокот има 75% вода. Кога ни недостасува вода, мозокот најмногу страда. За да ви работи мозокот подобро напијте се чаша вода. Водата никогаш немојте да ја замените со сок или газиран пијалак.