Подобро е да имате помалку пријателки
Иако нашиот мозок е способен ефикасно да се носи со околу 150 пријатели истовремено, за жените е подобро тој круг да го стеснат што е можно повеќе...
...покажале резултатите од неодамнешното истражување.
Како што се наведува во студијата, две до четири блиски пријателки на жените им даваат повеќе радост и рамнотежа отколку цела „глутница на другарки“.
Денес погрешно се верува дека среќата се крие во изобилството, па така пожелно е да се има не само полна куќа, туку и многу пријатели.
Ова истражување меѓутоа, нè потсетува дека квалитетот во односите е поважен од квантитетот – вели Керолајн Адамс, психолог од Харвард.
Според едно друго истражување, кое го спровел Универзитетот во Канзас, жените вложуваат повеќе труд во пријателствата отколку мажите, па со самото тоа од нив повеќе и се очекува, но и нивното разочарување е поголемо кога пријателките ќе ги изневерат.
Научниците откриле дека во процесот на спријателување кај жените се ослободува хормонот окситоцин кој делува смирувачки и го ублажува стресот.
Истражувањата на примати покажале дека женките кои што имаат блиски контакти со помала група од истиот пол живеат подолго.