5 добри причини за да се напиете кафе
Турско или капучино? Не е важно, само нека има кофеин. Кафето ги освои симпатиите на нутриционистите и научните кругови кои во последните...
...неколку години не престануваат да ја фалат.
Лекарите и нутриционистите знаеле да кажат сешто на сметка на кафето, но сега веќе подолго време се сложуваат дека кафето, сепак е добро за нас.
Еве пет добри причини зошто да се напиете филџан кафе:
1. Ја намалува депресијата кај жените
Новата студија спроведена на Харвард покажува дека жените кои редовно пијат кафе – она со кофеин - имаат 20 проценти помал ризик да заболат од депресија отколку оние кои не пијат кафе. Со ова се сложува и истражувањето дека пиењето кафе го намалува бројот на самоубиства.
2. Се намалува ризикот од смртоносниот облик на рак на простата кај мажите
Уште една студија од Харвард покажува дека мажите кои пијат шест или повеќе филџани кафе имаат 60 проценти помал ризик од развој на најопасниот облик на рак на простата. Истовремено имаат и 20 проценти помали шанси од формирање на било каков облик на рак на простата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.
3. Може да штити од рак на главата и вратот
Студија спроведена на Универзитетот Јута покажала дека оние кои што пијат повеќе од четири филџани кафе на ден имаат 39 проценти помал ризик од развој на рак на усната шуплина и грлото, во споредба со оние кои воопшто не пијат кафе. Редовното пиење кафе се поврзува и со помалиот ризик од развој на рак на мозокот и помалиот ризик од развој на рак на цревата, рак на црниот дроб и цироза.
4. Може да нè штити од Алцхајмерова болест
Неколку студии го проучувале влијанието на кофеинот на мозокот. Експериментите со експериментални животни покажале дека кофеинот значително ја намалува абнормалноста на протеините поврзани со Алцхајмеровата болест кај животните кои што покажувале симптоми на оваа болест. Кај нив кофеинот дури го успорил пропаѓањето и го поттикнал обновувањето на клетките во мозокот, податоците се од "Florida Alzheimer's Disease Research Centre".
5. Се претпоставува дека штити од дијабет
Бројните студии укажуваат дека кафето штити од развој на дијабет од типот 2, иако на научниците не е јасен прецизниот механизам на дејство. Archives of Internal Medicine истакнува анализа која покажала дека луѓето кои пијат три го четири филџани кафе на ден имаат 25 проценти помали шанси да заболат од дијабет од типот 2, отколку оние кои пијат помалку од два филџани кафе во денот.
Дали се ова доволни причини да повикате некој кој ви се допаѓа на кафе?