Знаци дека имате предијабетес и како да го регулирате нивото на шеќер во крвта
Зголеменото чувство на жед и глад, но и трнењето на екстремитетите можат да бидат знаци за предијабетес кој, пак, може да премине во дијабетес тип 2 ако не направите некои промени.
Дијабетесот е заболување при кое панкреасот не лачи доволно инсулин или телото не може да го користи инсулинот соодветно.
Постојат три вида дијабетес – тип 1, тип 2 и гестациски.
Дијабетес тип 1 најчесто е дијагностициран кај деца, но може да се појави и кај возрасни, а се претпоставува дека настанува поради автоимуна реакција.
Гестацискиот дијабетес се јавува за време на бременост, додека дијабетес тип 2 може да се појави поради лоши животни навики, како нездрава храна, недоволна физичка активност и дебелина.
Постои и состојба позната како предијабетес, кога нивото на шеќер во крвта е повисоко од нормалата, но не доволно за да биде класифициран како дијабетес тип 2.
Сепак, постои ризик состојбата да се развие во дијабетес тип 2 доколку не се направат соодветни животни промени.
Ако се сомневате дека сте во состојба на перидијабетес, важно е да се консултирате со лекар, но и да ги промените лошите животни навики.
Кои се знаците дека можеби имате предијабетес?
Зголемено чувство за жед и често одење во тоалет
Ако постојано сте жедни, можно е да имате зголемено ниво на шеќер во крвта.
Бидејќи во овој случај пиете повеќе вода, ќе забележите и дека почесто ќе ви се оди во тоалет.
Замор
Постојаниот замор е уште еден знак за високо ниво на шеќер во крвта.
Сепак, заморот може да биде причинет и од други фактор, како стрес и недоволен сон.
Замаглен вид
Ако генерално немате проблеми со очите, но одеднаш забележувате дека видот ви се замаглува, можно е да станува збор за предијабетес.
Чувство на трнење во екстремитетите
Трнењето, но и чувството на вкочанетост во дланките и стапалата е чест знак за предијабетес.
Високото ниво на шеќер во крвта може да влијае врз дотокот на крв, па затоа и се јавува овој симптом.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





