Што е азбест и како може да предизвика рак на белите дробови?

Што е азбестоза?

Азбестозата е заболување на белите дробови предизвикано од азбест.

Ситните влакна азбест кои се вдишуваат може да создадат мали рани на белите дробови и со тоа да го отежнат дишењето.

Нема лек за болеста, но постојат третмани со кои можат да се контролираат симптомите.

Азбестоза се јавува кај луѓе кои се изложени на азбест подолг период и работниците во индустрии каде се користи минералот се соочени со најголем ризик.

Покрај отежнатото дишење, може да се јават симптоми како болка во градите, кашлица и замор.

qshto-e-azbest-i-kako-mozhe-da-predizvika-rak-na-belite-drobovi-05.jpg

Како азбестот предизвикува рак?

Кога ќе вдишете азбест, микроскопските влакна може да останат во белите дробови со години.

Со текот на времето, тие може да предизвикаат воспаленија и оштетувања на белодробното ткиво, а тоа може да води до рак.

shto-e-azbest-i-kako-mozhe-da-predizvika-rak-na-belite-drobovi-06.JPG

Што е мезотелиом?

Мезотелиом е вид рак на мембраната која ги штити повеќето внатрешни органи.

Најчесто се јавува на мембраната околу белите дробови, а вдишувањето азбест е една од почестите причини.

Овој вид рак обично се шири брзо, па затоа и се дијагностицира во подоцнежен стадиум, поради што е тешко да се излекува.

Третманот на секоја личност е индивидуален, во зависност од целокупната здравствена состојба, како и во кој стадиум е ракот.

shto-e-azbest-i-kako-mozhe-da-predizvika-rak-na-belite-drobovi-07.JPG

Што се плеврални болести?

Плевра е мембрана околу белите дробови, а во категоријата плеврални болести спаѓаат сите заболувања во оваа област.

Постојат неколку заболувања во оваа област, од кои дел можат да бидат причинети од вдишување азбест.

Третманот зависи од самото заболување и симптомите кои ги покажува пациентот.

shto-e-azbest-i-kako-mozhe-da-predizvika-rak-na-belite-drobovi-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“ Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg