Што е азбест и како може да предизвика рак на белите дробови?
Азбестот е забранет во преку 60 земји во светот, но уште се наоѓа во некои постари градби. Азбестот е минерал со микроскопски кристални влакна кои доколку се вдишат, можат да предизвикаат низа заболувања, вклучувајќи и рак.
Азбестот е минерал кој е отпорен на топлина и корозија.
Поради своите својства, имал широка примена во автомобилската индустрија за изолација, но и во градежништвото, најмногу за подови, тавани и покриви.
Дури во 1950-тите била откриена поврзаност помеѓу изложеноста на азбест и сериозните последици по здравјето, по што минералот беше забранет во повеќе од 60 земји ширум светот.
Во текст објавен на веб-сајтот на Здружение на новинари во Македонија е наведена изјава од Министерството за животна средина, според која кај нас, азбестот се наоѓа на листата на забранети хемикалии уште од 2014 година.
„Со оглед на тоа дека во минатото е мошне употребуван во градежништвото и при изградбата на инфраструктурни објекти, тој сè уште се наоѓа во одредени градби“, завршува изјавата.
Што значи, иако е забранет, кај нас уште постои ризик да бидеме изложени на азбест.
Што треба да знаете за овој минерал?
Како луѓето се изложени на азбест?
Изложеноста на азбест може да се случи на два начина – со вдишување или проголтување.
Постојат шест видови азбест, од кои сите се составени од долги, тенки кристали кои наликуваат на влакна.
Овие влакна се микроскопски и мали делчиња од нив можат да се ослободат во воздухот и на тој начин да се вдишат.
Иако сите видови азбест претставуваат ризик по здравјето, за најопасен се смета таканаречениот син азбест кој се користел за изолација, но и се додавал во цементот со кој се градело.
Овој вид има многу мали и тенки влакна, кои е мошне лесно да се вдишат.
Азбестот е најопасен во постари градби бидејќи материјалите кои го содржат минералот почнуваат да се распаѓаат. Со ова, микроскопските влакна азбест се рашируваат низ воздухот.
Во случај на пожар во објект при чија изградба се користени материјали од азбест, вдишувањето станува полесно и поопасно.
Од топлината, материјалите се оштетуваат, па азбестот многу лесно се шири низ воздухот во вид на прашина која може да се вдише.
Голтањето азбест е многу поретко и, секако, обично е случајно.
Но, може да биде исто штетно како и вдишувањето.
Какви проблеми со здравјето предизвикува азбестот?
Изложеноста на азбест не предизвикува симптоми веднаш, туку најпрво може да се јават знаци кои не би ги ни поврзале со труење од азбест, како кашлица и отежнато дишење.
Изложеноста на азбест е поврзана со појава на:
- Азбестоза
- Рак на белите дробови
- Мезотелиом
- Плеврални болести
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





