Победете ги подочниците

pobedete-gi-podocnicite-povekjeУморниот изглед на вашите очи и темните кругови се проблем а многу жени. За нив често пати постои генетска предодреденост, а подочниците се...


...создаваат како последица на алергија, попуштање на работат ана срцето, бубрезите, поради тенка кожа под очите, пигментација, лоша циркулација.

Квалитетен сон сè решава, а ние ви препорачуваме уште некои работи кои можете да ги направите за да го повратите свежиот изглед.

Погрижете се да спиете седум до осум часа дневно. Подочниците веднаш ќе ги снема.

pobedete-gi-podocnicite

Миење
Измијте се наутро и нанесете тоник кој ќе ги затвори порите, а потоа нанесете хидратантна крема.

Коректор
Подочниците девојките најлесно ќе ги покријат со коректор кој има портокалов пигмент со што ќе се неутрализира нивната боја. Коректорот нанесете го со јагодицата на прстот – од внатрешниот кон надворешниот дел на окото.

Без маскара и креон
Немојте да нанесувате маскара на долните трепки бидејќи така ќе ги нагласите подочниците. Истото правило важи и за моливчето за очи.

Smokey eye
Избегнувајте темни нијанси и smokey eye стил кој ќе ги нагласи подочниците. Одберете светли и благо сјајни нијанси на сенки за очи.

Краставица
На уморните и отечени очи ставете резанка краставица од фрижидер. Краставицата со своето студенило многу бргу ќе ги совлада надуените подочници. Можете да користите и изладени кесички од чај.

Што повеќе течности
Пијте многу вода во текот на денот за да не ви дехидрира телото.

Спијте на грб
Спијте на грб, а вашата глава нека биде благо поткрената. Тоа овозможува подобра циркулација на крвта и спречува собирање на течности околу очите.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
8 симптоми на аутизам кај возрасни, според експерти Аутизмот може да се дијагностицира на секоја возраст, па добро е да ги знаете си...
Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка? Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваа...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg