Стрес, генетика: Што ја предизвикува егземата и може ли да се излечи?
Егземата е категоризирана како дерматит, односно воспаление на кожата придружено со црвенило и чешање. Засега нема лек кој ќе ја искорени егземата, но во зависност од вашите симптоми, лекар може да ви даде соодветна терапија со која ќе ги контролирате.
Егземата е кожна болест поради која кожата станува сува, се јавува чешање од кое можете да си направите рани, а се појавуваат и промени во текстурата на кожата.
Болеста има влијание врз заштитниот слој на кожата кој е одговорен за влажноста и заштитата од надворешни елементи.
Егземата е категоризирана како дерматит – термин кој се користи за разни воспаленија на кожата, обично придружени со црвенило, чешање и осип.
Егземата не е заразна болест, но може да предизвика непријатни симптоми.
Неколку работи што добро да ги знаете доколку имате егзема:
Кои се симптомите на егзема и на кои делови од телото се јавува?
Дел од симптомите на егзема вклучуваат:
- Многу сува кожа
- Чешање
- Осип
- Испакнатини на кожата
- Задебелена кожа
- Отоци
Симптомите може да се јават на секој дел од телото, но најчесто се на вратот, дланките, лактите, глуждовите, колената и стапалата.
Бидејќи постојат и други кожни проблеми со слични симптоми, важно е да се консултирате со лекар доколку мислите дека имате егзема.
Постојат неколку видови егзема
Постојат разни видови егзема кои се јавуваат на разни места и чии симптоми се активираат од разни „тригери“.
На пример, атопичната егзема е почеста кај деца, но може да се појави на секоја возраст. Чешањето обично се појавува на места каде што кожата се превиткува, како дланки и прсти или стапала.
Постои и таканаречена контактна егзема, односно контактен дерматит кој се активира ако допрете нешто нa коешто сте алергични или нешто што може да ја иритира кожата.
Сосема возможно е да имате повеќе видови егзема одеднаш.
Што ја предизвикува егземата и кои се ризичните фактори?
За жал, експертите не се потполно сигурни што точно ја предизвикува егземата.
Но, имаат неколку претпоставки:
- Одговор на имунолошкиот систем на нешто што предизвикува иритација
- Проблеми со заштитната бариера на кожата поради кои се намалува влажноста и се зголемува можноста од навлегување на микроби
- Семејна историја на астма или алергии