Знаете ли што е „номофобија“ и дали страдате од неа?

Дали кога немате мобилен телефон со себе се чувствувате како да ви недостасува важен дел од телото? Дали пред да си легнете и кога ќе станете прво го проверувате мобилниот телефон? Знаете ли што е „номофобија“ и дали страдате од неа?

znaete-li-shto-e-nomofobija-i-dali-stradate-od-nea-01.jpg

„Номофобија“ е термин што во 2009-та година бил скован за да се искаже ирационалниот страв кај луѓето од немањето мобилен телефон.

Називот е кратенка од изразот „no mobile phone phobia“ и мора да признаеме, голем дел од нас ќе се согласат дека страдаат од неа.

За да откриете дали страдате од ваква фобија, размислете добро и одговорете на дел од овие прашања:

  1. Дали ве доведува до лудило кога интернет конекцијата е слаба?
  2. Дали кога одите во апартман на одмор прво прашувате која е лозинката за Wi-Fi, а заборавате да прашате некои други важни прашања.
  3. Дали ве иритира или се чувствувате благо анксиозни ако телефонот нема батерија, дури и во миговите кога уредот воопшто и не ви е потребен?
  4. Дали пред да си легнете и кога ќе станете задолжително проверувате дали сè е во ред со телефонот (дали имате батерија, мрежа, дали сте достапни, дали имате важни известувања)?

znaete-li-shto-e-nomofobija-i-dali-stradate-od-nea-03.jpg

Ако на сите овие прашања одговоривте потврдно, тогаш мора да си признаете дека имате симптоми на номофобија.

Но, тука треба да се нагласи дека ова не е класична фобија, туку состојба на анксиозност која најверојатно е предизвикана од зависноста од електронските уреди.

znaete-li-shto-e-nomofobija-i-dali-stradate-od-nea-06.jpg

Така, речиси сите ние имаме страв од губење, заборавање, оштетување на уредот, но и страв дека нема да имаме пристап до интернет или дека во одреден дел од денот нема да бидеме достапни.

Кај лицата со номофобија, миговите кога немаат мрежа, кога немаат батерија или, пак, кога ќе го загубат мобилниот телефон, предизвикуваат стрес или анксиозност, па дури и паника.

Иако „номофобијата“ не е официјално признаена како медицински термин, факт е дека оваа состојба е мошне честа.

Луѓето што страдаат од неа ги имаат следните симптоми:

  • Се плашат да го изгаснат мобилниот телефон (со изговор дека треба да бидат постојано достапни за блиските);
  • Постојано го проверуваат мобилниот телефон за пропуштени пораки, мејлови или повици;
  • Постојано ја дополнуваат батеријата на телефонот, дури и кога немаат потреба за тоа;
  • Постојано го носат мобилниот телефон со себе, дури и кога одат во тоалет;
  • Постојано проверуваат дали го носат и да не го заборавиле некаде мобилниот телефон;
  • Стравуваат дека нема да имаат пристап до интернет;
  • Се плашат дека нешто може да им се случи и нема да бидат во можност да побараат помош;
  • Под стрес се кога не се достапни на интернет;
  • Откажуваат дружби и собири само за да можат да седат на мобилниот телефон или кога се присутни на дружби - седат само на телефон.

Иако, на прв поглед сето ова ви звучи сосема нормално, кај лицата кај кои оваа фобија е екстремна може да се случи да почнат да чувствуваат и физички симптоми, како срцебиење, забрзано дишење, потење, вртоглавица, а кај оние најекстремните случаи, може да се случат и панични напади.

znaete-li-shto-e-nomofobija-i-dali-stradate-od-nea-07.jpg

Сè на сè, се верува дека зависноста од мобилните телефони станува сериозна како и другите видови зависности (од алкохол, опојни супстанции, коцкање…), а клиника во Рио де Жанеиро, почна да нуди третмани за оние на кои им е потребна помош за одвикнување од мобилниот телефон.

Со оглед на тоа што номофобијата е резултат на зависноста од мобилниот телефон, за да си помогнете, треба да направите детоксикација, односно да се потрудите колку е можно повеќе да се оддалечите од уредот.

znaete-li-shto-e-nomofobija-i-dali-stradate-od-nea-05.jpg

Дајте си шанса да изгледате еден филм без постојано да ги проверувате пораките, или кога одите на ручек немојте да го вадите уредот од чанта.

Потоа обидете се неколку дена да не користите интернет на мобилниот телефон.

Дури, ако можете, побегнете некаде каде што нема интернет конекција и дајте си можност да се одморите.

Можеби ќе ви биде тешко во првите мигови, но потоа ќе сфатите дека токму тоа и ви требало.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg