5 трикови за слабеење без мака

5-trikovi-za-slabeenje-bez-maka-povekjeМногу е тешко да се придржува човек на ригорозните диети бидејќи неретко таквиот начин на исхрана бара големи откажувања од омилените...


...вкусови и вкусните залаци кои ни го поправаат разположението.

Но, тоа не мора да биде така бидејќи со 5 паметни диетални трикови во само неколку дена и без големи откажувања можете да се разбудите полесни и посреќни.

5-trikovi-za-slabeenje-bez-maka

Путер од кикирики
Оваа намирница е многу вкусна и хранлива, па може да биде совршена замена за чоколадо, или нешто друго благо. Дозволено е едно лажиче путер од кикирики, неколку пати во текот на денот.

Пуканки
Грицките од типот смоки или чипс се совршен начин да ја покачите телесната тежина за неколку килограми. Ако сакате да уживате во грицките, одберете пуканки. Тие имаат растителни влакна, а количина од 6 шољи содржи сè на сè 90 калории.

Танцување
Ако спаѓате во групата луѓе кои живеат урбан начин на живот, можеби е време да набавите слушалки и да заиграте додека се туширате, чистите или готвите. Со откачени движења и танци ќе го поправите расположението, а ќе стопите и до 500 калории.

Џвакање
Наполнете ја чинијата со овошје, зеленчук и житарици кои морате добро да ги изџвакате. Сировиот морков, јаболко и оревестите плодови се богати со влакна, бараат малку труд за подготовка и бавно се варат што значи на здрав начин можете да го наполните желудникот помеѓу оброците.

Едноставно мени
Ова едноставно мени применувајте го барем еднаш неделно и губењето на килограми е загарантирано. За појадок изедете јогурт со овошје и/или житарици, за меѓуоброк суво овошје и оревести плодови, за ручек подгответе си салата од туна и инегрални тестенини, а за вечера подгответе риба или пилешко и зеленчук како прилог. Ако пред спиење почувствувате глад, посегнете по овошје или јогурт.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате) Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки,...
Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“ Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен? Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем,...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
5 знаци дека имате здрав менструален циклус (и кога треба да одите на гинеколог) Редовните менструации главно се знак дека хормоните ви се синхронизирани. Што др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg