Овие намирници штитат од вирусот на грипот
На организмот му е потребно многу сила за да се избори со вирусите, затоа во исхраната внесете ги намирниците што го јакнат имуниот систем.
Јужно овошје
Богато е со витамин Ц, кој ја штити слузокожата, ја зголемува циркулацијата и го зајакнува имунолошкиот систем. Но, внимавајте! Оваа супстанца не поднесува светлина и топлина. Значи го изедете кивито, портокалот, мандарините или грејпфрутот веднаш штом ќе ги излупите. Во 200 милилитри цеден сок од портокали има 88 милиграми витамин Ц.
Свинско месо
Посниот дел е богат со Витамин Б1, кој не штити од инфекции. Сто грама посно свинско месо содржи 1,35 милиграми витамин Б2.
Јајца и моркови
Содржат витамин А и бетакаротен (прекурсот на витаминот А), неопходни за правилно функционирање на имунолошкиот систем.
Грашок
Преставува значаен извор на цинк, олигоелемент кој што му помага на организмот да го искористи витаминот А и игра важна улога во синтезата на белковини.
Сирење и риба
Исто како и месото, така и јајцата, рибата и сирењето содржат есенцијални аминокиселини, составен дел од белковините кои се неопходни за синтеза на антитела.
Млеко
Содржи млечни киселини кои не штитат од вируси и бактерии така што го јакнат нашиот имунолошки систем.
Јогурт
Содржи живи ферменти кои ја зголемуваат отпорноста на цревата, кои се често првата мета на вирусот на грипот.