Зошто да вежбате?

zosto-da-vezbate-povekjeРедовното вежбање делува на вашата кожа, срце, расположение, дури и на кариерата. Да ги погледаме причините зошто е добро да се вежба.


Здраво срце
Вежбањето го тера вашето срце да пумпа крв, бидејќи и срцето е мускул, тоа на тој начин станува поздрави и поиздржливо. Болестите на срцето се чести, а вежбањето може да ги смири.

Подобри резултати на работа
Многу истражувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето. Едни објаснуваат дека тоа е затоа што вежбањето ви дава шанси да го испразните умот од проблемите, додека други веруваат дека е затоа што додатниот ендорфин помага луѓето да се чувствуваат поодморени и полни со елан.

Јакнење на коските
Доколку сакате силни и здрави коски во подоцнежните години, би требало повеќе да вежбате. Кревањето на тегови помага во борбата против остеопороза.

Чиста кожа
Иако на прв поглед делува дека потта која се лачи поради вежбањето ќе доведе до појава на бубуљици на кожата, тоа не е вистина, бидејќи зголемениот проток н крвта во вашето лице и исфрлањето на нечистотијата преку потта го подобруваат изгледот на вашата кожа.

zosto-da-vezbate

Зголемена енергија
Навистина по вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е зголемувањето на енергијата подоцна. Луѓето што редовно вежбаат помалку се жалат на умор преку ден.

Подобар сон
Вежбање неколку пати во текот на неделата делува позитивно на квалитетот на сонот. Прво, помага да дишете правилно, телото е поуморно па затоа и сонот е подлабок.

Подобар имунитет
Редовните вежби можат да му помогнат на вашето тело да се избори со настинките, грипот и другите вируси, но немојте да претерувате, сè што е претерано не чини.

Ќе бидете посреќни
Факт е дека и оние што мразат да вежбаат се чувствуваат многу подобро по вежбањето. Тоа е затоа што мозокот испушта поголеми количини ендорфин, кој делува на подобрување на расположението со часови, понекогаш и со денови по вежбањето.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...
Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg