Противотрови за лошо расположение

protivotrovi-za-loso-raspolozenie-povekjeРазочарана од атмосферата на местата каде работела Heidi Rettig дошла до едноставната равенка дека соочувањето со нарцизам или пасивно-агресивно...


...однесување води кон тонење во апатија.

Затоа создала 4 ароматични спреја што треба да се изборат со овие несакани состојби.

Природните освежувачи содржат масла и прочистена вода, како и адитив многу поблаг од оние користени во други производи од овој тип. Секој спреј од The Antidote for Ego чини по 15 долари, но ако ги прочитате состојките можеби сами ќе успеете да искомбинирате своја магична формула.

Таа пасивното расположение народски го објаснува како завист, озборување, муртење, одолговлекување и обвинувања дека другите погрешно ве разбрале.

Passive спрејот против лошо расположение содржи јасмин, ловор, портокал и иланг-иланг. Јасминот е природен антидепресив, ловорот смирува и расположува, портокалот отстранува вируси и токсини, има смирувачко дејство и освежителен мирис, а иланг-иланг ги смирува напнатоста, неспокојството и гневот.

protivotrovi-za-loso-raspolozenie

Природниот лек за непријателски расположените агресивци содржи кедар, темјан, цитрон и розова сардела. Мирисот на зимзелениот кедар го намалува чувството на бес и страв, темјанот ја напаѓа нетрпеливоста, цитронот разведрува и ги намалува немирот и стресот, а сарделата е цвет што се бори со паничните напади и помага да се фокусирате.

Воопшто не е лесно да се излезе од апатична состојба, но цитронот, лавандата и рузмаринот во Apathy спрејот би требало да го оттурнат чувството на незаинтересираност и рамнодушност подалеку од вас. Освежителниот мирис на цитрон помага да се справите со исцрпеноста, рузмаринот е тука за да ги уништи заморот и досадата, а лавандата ги балансира променливите расположенија и ги смирува раздразнетите нерви.

Идејата за „Противотровот за его“ дошла од неподносливо егоцентричен шеф кој покрај другите „квалитети“ имал и посебно барање вработените да изгледаат среќно и весело додека се на работа. Ако немате друга причина да се насмевнувате додека сте заглавени на работа прснете од спрејот што ќе ви поттикне убави мисли. Неговата употреба не мора да се ограничи на канцеларијата и за жал сигурно често ќе биде потребен и на приватни средби, а содржи лаванда за смирување, портокал против безволност, ловор за сталоженост и бибер против истоштеност.

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Какви болести предизвикува загадувањето на воздухот (и има ли начин да се заштитиме)? Порано се верувало дека загадувањето на воздухот има влијание само врз респирато...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите? Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми св...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg