Како да почнете диета?
Размислете за тоа, крајно време е нешто да преземете и еднаш за секогаш да се изборите со вишокот на килограми. Се мачите со денови...
...го одложувате почетокот, а килограмите полека се додаваат.
Треба да знаете дека многумина добиваат по некој килограм повеќе од моментот кога ќе одлучат дека за кусо време ќе почнат со диета. Затоа бидете подготвени и почнете веднаш.
Диетата за многумина е стрес бидејќи постојано размислуваат за тоа колку е напорно, колку многу забрани има, како ќе бидат гладни и ќе ја посакуваат храната, а ќе им биде забранета.
- Честите почетоци и откажувања се последица од изборот на несоодветни диети , премногу строги прогрми кои само за кусо време можат да се издржат.
- Дебелите луѓе не се мрзливи, тие имаат пореметување во исхраната. За да ја победите таквата состојба и да успеете да ја контролирате гладта, или апетитот потребно е време и соодветен начин на исхрана кој ќе ви биде само вам прилагоден. Можеби до сега не сте се соочиле на вистински начин со својот проблем, нешто правите погрешно и затоа резултатите изостануваат. Ако до крај не сте ја разбрале причината за својата дебелина и барате изговор во метаболизмот, наследството, неможноста да спроведете диета, тогаш сигурно до крај не сте ја расветлиле причината за своите лоши навики.
Неколку совети за самопомош:
1. Намалете ја количината на храна што ја внесувате во текот на денот.
2. Запишете се што сте изеле во текот на денот.
3. Дефинирајте ги своите лоши навики.
4. Искрено напишете ја причината поради која најмногу јадете и кога се случува тоа.
5. Пробајте да се сопрете, а ако не можете, запишете зошто храната ве победила.
6. Искрено набљудувајте се без осудување, важно е да ја разберете причината поради што и кога јадете.
Со среќа!