Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето
Отечено лице
Постојат разни здравствени проблеми кои предизвикуваат отечено лице, како повреди, инфекции и алергии.
Ако немате повреда или алергија која може да биде причина, најдобро одете на лекар ако забележите дека лицето ви е отечено.
Бел јазик
Постојат многу причини за побелување на јазикот, а обично најчестата е несоодветна орална хигиена.
Други причини вклучуваат:
- Носење вилици
- Примање терапија со антибиотици
- Сувост во устата од лекови
- Габична инфекција
Ако ја подобрите грижата за оралната хигиена и не забележите подобрување, тогаш одете на лекар.
Побелени нокти
Промените во ноктите можат да бидат причинети од разни здравствени состојби.
Овде спаѓаат:
- Повреда на прстот/ноктот
- Проблеми со црниот дроб
- Дијабетес
- Проблеми со тироидната жлезда
- Примање хемотерапија
- Недостаток од хранливи материи
Ако по некој период состојбата на ноктите не се подобри, одете на лекар.
Живописни соништа
Некои луѓе воопшто не ги помнат нивните соништа, а некои имаат мошне живописни соништа.
Ако одеднаш соништата ви станат многу живописни, можеби се причинети од:
- Проблеми или големи промени во животот
- Недоволен сон
- Одредени лекови, како антидепресиви
- Проблеми со менталното здравје
- Бременост
Промени во градите
За секоја промена во градите, која не е поради месечниот циклус, како израстоци, отоци, црвенило, постојано чешање, испакнатини, одете на лекар.
Кога станува збор за рак на дојка, раната детекција е клучна за успешно лекување.
Спирова С. | Црнобело