6 мисли кои му штетат на здравјето
Сè што правиме започнува како мисла. Не се вели бадијала дека треба да имаме поубави мисли ако сакаме да имаме подобар живот. Иако многумина на...
...мислите не им придаваат многу важност, долгорочно тие можат да наштетат.
Цинизам
Цинизмот е всушност еден вид на агресивност и непријателство. Додека цинизмот од книгите и од филмовите може да нè насмее и воодушеви, ако ние самите, секој ден во голема мерка сме цинични кон сè што нè опкружува (што значи имаме агресивни и непријателски мисли), тоа делува на нашето здравје. Освен тоа што другите многу често ќе нè одбегнуваат, во поглед на физичкото здравје, некои студии покажале дека цинизмот предизвикува заболувања на срцето и шеќерна болест.
Недостаток на смисол
Што правам јас овде? Зошто одам на училиште? Ако на овие или слични прашања не давате ниту приближен одговор, односно не знаете, тешко вас! Имано, студиите покажале дека оние личности кои во секојдневните активности наоѓаат смисол, имаат многу подобар имунолошки систем од оние кои низ животот минуваат потонувајќи во сеопштата бесмислица.
Грижа
Ако постојано се грижиме поради нешто и сме депресивни, докажано е дека порано ќе отидеме од овој свет. Многу студии го покажуваат токму ова - дека луѓето кои постојано се во грч, постојано се грижат и постојано се под одреден стрес умираат многу порано од луѓето што кулираат.
Недостаток на самоконтрола
На основа на резултатите од дваесетина студии се покажало дека луѓето со повеќе самоконтрола подолго живеат и помалку заболуваат. Имено, неорганизираните личности често пати јадат и пијат преголеми количини, што има големо влијание на физичкото здравје. Исто така оние што не можат да се контролираат, почесто консумираат цигари и дрога.
Лутина
Луѓето склони кон лутење и изливи на бес, склони се кон разни видови на деменција. Сигурно ќе ве изненади податокот дека ризикот од деменција е за 50% помал кај оние што се помирни и кои што не се склони кон изливи на бес. Затоа, ако имате проблеми со бесот, изнајмете го филмот со стариот добар Џек Николсон, насмејте се и смирете се – научете нешто. Посебна опасност за сите болни е опасноста од Алцхајмер-ова болест. Ако не знаете да го контролирате бесот како тинејџери, проблемот со годините станува сè поголем. Докажано!
Песимизам
Во особено голема опасност се оние што се гледаат црно и кои што своите чувства ги држат само за себе, без желба да ги поделат со другите. Се покажало дека кај овие личности, освен што во душата страдаат, многу побргу има страдаат крвните садови што доведува до низа на здравствени проблеми, но и пократок животен век.