Природно смирување на очите
Девојките постојано купуваат нови производи и читаат совети како подобро да се нашминкаат, но често забораваат на грижата за кожата околу очите.
Тенката и особено чувствителна кожа веднаш ќе покаже дали сте имале непроспиена ноќ, ќе открие дека лошо се храните или дека постојано сте под стрес.
Постојат начини да се смират иритацијата, црвенилото и потеченоста, а за среќа не одземаат многу време, а и нема да ве чинат скоро ништо.
Чај |
|
Млеко Ладното млеко ќе го намали отокот и ќе ја омекне сувата и иритирана кожа. Потопете две памучни топченца во ладно млеко, исцедете го вишокот течност и ставете по едно врз очните капаци. Штом ќе се стоплат, потопете нови две топчиња памук и повторувајте го ова околу 15 минути. |
|
-->
-->
|
Краставица Исечете две тркалца од краставица и оставете ги врз мраз да се изладат. Потоа наместете по едно врз очниот капак, легнете си и опуштајте се 10-15 минути. Тргнете ги и измијте го лицето со ладна вода. |
-->
|
Белки Белките ја затегнуваат и измазнуваат кожата, а и ја подобруваат циркулацијата, па се одличен третман за брчки. Цврсто изматете белка (или две) и нежно нанесете ја на кожата под очите. Оставете да се суши 15 минути, па одмијте со вода. |
Лажици Ладната температура ќе ги намали црвенилото и отоците. Ставете неколку метални лажички во чаша со мраз и ладна вода. Држете ја ладната лажица над очниот капак и штом почне да се стоплува вратете ја во чашата и заменете ја со друга. Повторете го ова неколку пати. |