Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш

Користите иста крпа за бришење различни површини

Ако користите иста крпа за плочките во кујната и во вашиот ходник, тогаш може да се изложите на голем ризик од бактериски или вирусни инфекции.

Затоа, користете посебна крпа за секоја област и мијте ги рацете помеѓу секоја употреба.

Не го чистите далечинскиот управувач

Многу лесно е да се заборави дека треба да се чисти и далечинскиот управувач, зар не?

Отстранете ги бактериите користејќи крпа и алкохол, а ако има нечистотија заглавена околу копчињата, користете чепкалка за заби за убаво да ја отстраните.

loshi-naviki-vo-domot-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ushte-vednash-05.jpg

Ги оставате влажните крпи на подот

Фрлањето на пешкирот на подот по туширањето го спречува неговото правилно сушење, а ќе доведе и до лош мирис.

Влажната крпа е совршена средина за растење на мувла, а на подот во бањата може има скриена нечистотија која потоа ќе се пренесе на вашиот пешкир.

Завесата во туш кабината ја оставате собрана на едната страна

Имајте навика после секое туширање да ја затворите завесата целосно, при што ќе ѝ дозволите правилно да се исуши.

loshi-naviki-vo-domot-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ushte-vednash-06.jpg

Го оставате лаптопот да се полни преку целиот ден

Кога лаптопот ќе ви биде приклучен на полначот долго време, тогаш и двата уреди може да прегреат и потенцијално да станат ризик од пожар.

Најдобро е да не ризикувате со ова, па кога ќе го ставите лаптопот на полнење, поставете си потсетник за да ви каже да го исклучите по неколку часа.

Исто така не оставајте го да се полни во текот на целата ноќ.

Зимно време не ги отворате прозорците

За време на студените зимски месеци многумина не ги отвораат прозорците, но имајте на ум дека на вашиот дом му треба воздух во текот на целата година.

Одвреме-навреме отворајте ги прозорците и во просториите што не ги користите, за да не дојде до појава на кондензација и појава на мувла.

loshi-naviki-vo-domot-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ushte-vednash-07.jpg

Ја оставате облеката во машината за перење

Ако ја оставите облеката во машината за перење, тогаш големи се шансите таа да мириса непријатно. Затоа, имајте навика да ги извадите алиштата веднаш штом ќе бидат исперени.

Не ги миете рацете кога влегувате дома

Миењето на рацете веднаш штом ќе влезете дома е само една тајна за дом без бактерии и подобра хигиена во целина. Затоа, пред да „каснете нешто за ужина“, мијте ги рацете најмалку 20 секунди.

loshi-naviki-vo-domot-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-ushte-vednash-08.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com 



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg