Навики кои ги оштетуваат забите

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-povekjeПред да ставите било што во уста, сетете се какво влијание може да има истото врз вашите заби. Врз уништување на забната глеѓ влијаат...


...црното вино, кафето, чајот и цигарите. Истите предизвикуваат и болести на забното месо.

Но, постојат уште неколку навики кои ни ги оштетуваат забите:

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-1

1. Џвакање коцки мраз. Природен е и без шеќер, ама може да предизвика и пукање на забната глеѓ. Ова џвакање може и да го иритира мекото ткиво и да предизвика забоболка.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-2

2. Пирсинг на јазикот. Ова е тренд, но може да го иритира забното месо до воспаление, и да доведе до губење на забите. Освен тоа, устата е одлично место за развој на бактерии, а пирсингот го зголемува ризикот од инфекции.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-3

3. Гумени и други бонбони. Сите слатки полни со шеќер водат до развој на кариес. Затоа веднаш после јадење слатки, мијте ги забите.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-4

4. Слатки пијалаци – газирани и негазирани. Лименка газиран пијалак содржи и до 11 лажички шеќер, а тука се и киселините кои штетат на забната глеѓ. Диеталните верзии можеби немаат толку шеќер, но затоа количината на киселини во облик на вештачки засладувачи е обично поголема. И овошните сокови се опасни, затоа што покрај витамини и антиоксиданси содржат и додатен шеќер. Купувајте природни или разредете ги со вода.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-5

5. Чипс. Бактериите во устата го разградуваат и скробот од чипсот. Користете забен конец после јадење чипс.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-6

6. Кога ги користите забите како отворач. Отвараме чоколатца, кршиме фстаци, дури и шишиња. Запомнете – забите не се алат.

naviki-koi-gi-ostetuvaat-zabite-7

7. Грицкање моливи и пенкала. Ако веќе имате потреба за џвакање, џвакајте мастика.

Би можело да ве интересира:

5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи? Не секогаш може да се утврди точната причина за предвремен пубертет. Но, препора...
Дали смееме да се бањаме во море со тампон, според српски гинеколог „Подобро е да не се бањате неколку денови, отколку да се бањате со тампони“ – ве...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg