Како да комуницирате со депресивна личност?

kako-da-komunicirate-so-depresivna-licnost-povekjeДепресијата е болест на денешницата. Било да се работи за прекин на врска, пријателство, губење на работа или драга личност и негативни мисли...


...безволноста и тагата се чувства кои се поврзуваат со депресијата и многу тешко се решават.

Ако сакате да и помогнете на некја драга личност дознајте кои 10 работи никогаш не смеете да ги кажете.

Во несигурното време во кое што живееме, депресијата е очеста отколку што мислиме.

Речиси да не постои личност која во некој момент не се нашла во негативна ситуација од која не можела да најде излез.

Ако станува збор за личност која ви значи, важно е да знаете што смеете да кажете, а што не.

kako-da-komunicirate-so-depresivna-licnost

1. Секогаш ќе бидам покрај тебе
Не смеете да кажете: Секогаш постои некој кому му е полошо.
Наместо тоа кажете: Разбери дека не си сам/сама во тоа.

2. Ти си важен/важна...
Не смеете да кажете: Никој никогаш не рекол дека животот е фер.
Наместо тоа кажете: Навистина ми значиш.

3. Дозволи ми да ти помогнам...
Не смеете да кажете: Престани да се сожалуваш.
Наместо тоа кажете: Дојди да те гушнам.

4. Депресијата е вистинита...
Не смеете да кажете: Па добро во депресија си, ќе ти помине.
Наместо тоа кажете: Немој да мислиш дека си побудалел/а.

5. Има надеж...
Не смеете да кажете: Обиди се малку да се расположиш, немој да бидеш депресивен/а.
Наместо тоа кажете: Немој да се грижиш сè ќе биде во ред, затоа сум јас тука. По дождот секогаш доаѓа сонце.

6. Се трудам да разберам...
Не смеете да кажете: Верувај ми, знам како ти е. И јас сум бил/а во депресија неколку дена.
Наместо тоа кажете: Знам дека никој не може да сфати како се чувствуваш, но се трудам и знај дека ќе ти помогнам колку што можам.

7. Нема да ме избркаш...
Не смеете да кажете: Мислам дека твојата депресија нè оддалечи.
Наместо тоа кажете: Нема да си одам и нема да те напуштам.

8. Навистина ми значиш
Не смеете да кажете: Зарем не мислиш дека е доста од тагување и плачење?
Наместо тоа кажете: Те сакам (кажете го тоа само ако го мислите).

9. Ти можеш тоа да го направиш
Не смеете д акажете: Многу добро знаеш кој е виновен за тоа.
Наместо тоа кажете: Откако сето ова ќе заврши, јас сè уште ќе бидам тука, покрај тебе.

10. Ќе преживееме заедно.
Не смеете да кажете: Дали си пробал/а да се напиеш чај од камилица?
Наместо тоа кажете: Навистина ми е жал така што се чувствуваш, но знај дека не одам никаде. Немој да се грижиш, јас ќе се погрижам за тебе, но и за себе.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Варичела (или овчи сипаници): Колку време трае болеста и што треба да избегнуваат заразените? Дали смеете да се туширате додека имате овчи сипаници (или варичела), колку врем...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка? Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваа...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg