Што кријат стероидите?
Најновите истражувања покажуваат дека младите се почесто користат стероиди, трудејќи се што е можно побрзо да дојдат до совршено развиено тело. Но, освен...
...што се илегални, зад стероидите се кријат уште многу опасности.
Што се стероидите?
Хормони кои постојат во повеќе различни видови, но кога се зборува за стероиди кои се земаат при вежбање, со цел телото да се развива побргу, најчесто тоа се анаболички стероиди.
Тие делуваат како машкиот хормон тестостерон и помагаат во развивање на мускулното ткиво.
Зошто младите ги користат сè почесто?
Најчести се 2 причини. Прво, затоа што мислат дека со помош на стероидите ќе дојдат до подобри резултати во спортот.
Меѓутоа, освен што помагаат за зголемување на мускулната маса, се покажало дека нивното долготрајно користење ја намалуваат подвижноста и брзината на регирање на мускулите.
Втора причина е медиумскиот притисок.
Постојано на филмовите и рекламите шегледаме мажи со совршено обликувани тела, плочки на стомакот и развиен граден кош.
Пред 30 или 40 години најголем дел од мажите немале вакви тела, а денес се наметнува мислење дека сите мораат да бидат развиени во спротивно не ги привлекуваат жените.
Негативни последици
Развивање машки гради, прерана ќелавост, драстични промени во расположението, агресивност, параноја, Алцхајмерова болест...а најпогоден орган е јетрата. Човековото тело природно произведува доволна количина на хормони и било каква зголемена доза, може да предизвика пореметување на организмот
Веднаш или подоцна
Иако стероидите влијаат на организмот брзо по конзумирањето, многу негативни појави се видливи после неколку години користење.
Ова е една од причините зошто многу млади луѓе не веруваат во негативните приказни за стероидите и велат “ Јас земам и не ми е ништо“.
Меѓутоа, исто како што пушењето е тивок убиец и го уништува организмот, иста е и ситуацијата со стероидите.
Најпопуларни стероиди
Метан - 100 таблети чинат околу 20 до 30 евра, количина која е доволна за почетни резултати. Како најевтин е и еден од најопасните.
Опасности од продажба “на црно“
Иако се илегални многу лесно може да се набават. Обично продавачите тврдат дека се работи за проверена “роба“ од која нема да ви биде “баш ништо“.
Во Панама стотина луѓе умреле поради користење стероиди во кои глицеринот, кој е поскап, бил заменет со друга состојка, која е значајно поевтина, но имала отровни својства.