Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате?
Кој е изложен на поголем ризик и како да го намалите високиот крвен притисок?
Неколку фактори влијаат врз покачувањето на притисокот, а дел од нив се:
- Возраст – кај мажите, ризикот се зголемува по 64-тата година, додека кај жените по 65-тата година
- Раса – Истражувањата покажале дека високиот крвен притисок е почест кај луѓе со темна кожа.
- Генетика
- Дебелина или вишок килограми
- Недостаток од физичка активност
- Пушење цигари
- Јадење многу сол
- Ниско ниво на калиум во организмот
- Пиење многу алкохол
- Бременост
Станува очигледно дека причини има безброј, што значи ако имате проблеми со висок притисок, слушајте ги советите на вашиот лекар.
Освен лековите што би ви ги препишал лекар, не постои нешто што магично и инстантно ќе ви го реши проблемот со високиот крвен притисок.
Но, можете да направите некои промени во секојдневието кои ќе ви помогнат да го контролирате:
- Ослабете ако имате вишок килограми
- Редовно вежбајте
- Хранете се здраво
- Ограничете го внесот на сол
- Ограничете го внесот на алкохол
- Спијте доволно
- Намалете го стресот
- Редовно проверувајте го крвниот притисок
- Намалете со цигари или оставете ги
Каква штета предизвикува крвниот притисок и кога треба да одите на лекар?
Колку подолго имате висок крвен притисок кој не го контролирате, толку поголема штета може да настане на срцето и крвните садови, но и други делови од телото.
Неконтролираниот крвен притисок може да предизвика компликации како:
- Инфаркт или мозочен удар
- Аневризма
- Откажување на срцето
- Проблеми со бубрезите
- Проблеми со очите
Редовното проверување на крвниот притисок е важно, особено ако сте во ризична категорија.
Ако немате проблеми со здравјето, доволно е да го проверувате на лекар на две години.
Не заборавајте дека високиот крвен притисок не предизвикува симптоми секогаш, па ако не го проверите, нема да знаете кога ќе ви биде покачен.
Може ли да се спречи појавата на висок крвен притисок?
Можете значително да го намалите ризикот од висок крвен притисок ако водите поздрав живот.
Односно, следете ги истите совети за намалување на високиот крвен притисок и помали се шансите да се соочите со овој проблем.
Спирова С. | Црнобело