Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате?

Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, можете да си помогнете на долгорочен план со промени во начинот на живот, како слабеење, помал внес на сол и вежбање.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-01.jpg

Крвниот притисок е нешто со кое се соочуваат многу луѓе, а причини за негова појава има многу – некогаш проблем со здравјето, а некогаш само стрес. Но, никогаш не треба да го игнорирате.

Ако имате проблеми со висок крвен притисок, важно е да ги слушате препораките на вашиот лекар.

Неколку работи што е важно да ги знаете:

Што точно е висок крвен притисок и кои се симптомите?

Високиот крвен притисок има влијание врз артериите на телото.

Кога крвниот притисок е висок, крвта ги притиска артериите однатре, а срцето треба да работи понапорно за да ја испумпа крвта.

Кога се мери притисокот, резултатот се два броја, (како 120/80) познати и како горен и долен.

Нема да навлегуваме во тоа што точно означуваат броевите, но генерално тие го претставуваат притисокот што се создава во артериите при отчукувањето на срцето.

За нормален крвен притисок кога сте во мирување, горниот број треба да изнесува од 100 до 140 mm Hg, додека долниот – од 60 до 90 mm Hg.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-02.jpg

Бројките за нормален крвен притисок можат да варираат од човек до човек, па најдобро е да го утврдите вашиот со помош на лекар.

Високиот крвен притисок може да биде опасен бидејќи често кај некои луѓе не предизвикува никакви симптоми, дури и ако броевите се многу високи.

Сепак, кај мал број луѓе можат да се јават симптоми како главоболка, испрекинато дишење и крвавење од носот.

Но, овие симптоми обично се јавуваат кога притисокот е превисок.

Што значи, добро е редовно да го мерите.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-03.jpg

Зошто се покачува крвниот притисок?

Постојат два вида крвен притисокпримарна хипертензија и секундарна хипертензија.

Во некои случаи нема конкретна причина за покачување на притисокот и обично се зголемува постепено, во период од неколку години. Ова е познато како примарна хипертензија.

Вториот вид висок притисок обично е предизвикан од некаков проблем со здравјето.

Се појавува наеднаш и притисокот е повисок отколку кај примарната хипертензија.

Дел од здравствените проблеми што можат да предизвикаат секундарна хипертензија:

  • Проблеми со крвните садови уште при раѓање
  • Лекови за кашлица и настинка, некои лекови за болка, контрацепциски апчиња и други лекови (овој несакан ефект е наведен на упатството за користење)
  • Нелегални дроги, како кокаин и амфетамин
  • Проблеми со тироидната жлезда

Некогаш и стресот може да го покачи притисокот. Во овој случај, притисокот се нормализира откако ќе помине и стресната епизода.

kako-da-go-namalite-krvniot-pritisok-i-kolku-e-opasen-po-zdravjeto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg