И е-цигарите се штетни

i-e-cigarite-se-shtetni-povekjeЕлектронските цигари ги промовираат како сигурна алтернатива за пушење. Но, студијата објавена во списанието “Chest” покажува дека е-цигарите...


... предизвикуваат брзи промени на дишните патишта и дека не се така сигурни како што се мисли.

Пушачите ги користат за да вдишат пареа од течен никотин, наместо да пушат обични цигари. На овој начин и другите не се изложени на пасивно пушење.

i-e-cigarite-se-shtetni-1

Истражувањето во кое се вклучени 30 здрави непушачи  е спроведено под водство на "Harvard School of Public Health".

После само 5 минути од користење на е- цигарите кај испитаниците дошло до воспаление и стегање на дишните патишта. Научниците ги загрижило тоа што промената настанала за само 5 минути, па се прашуваат што ли се случува после долготрајно користење на овие цигари.

i-e-cigarite-se-shtetni-2

За разлика од класичните цигари кои содржат стотици токсични состојки, електронските содржат 5 – никотин, вода, пропилен гликол, глицерол и мирис.

Производителите тврдат дека не постојат негативни здравствени ефекти од пушењето на електронските цигари, но новото истражување се сомнева во сигурноста на овој производ.

Ако сакате да се откажете од пушењето, лекарите препорачуваат да користите стандардни помагала – никотински мастики и фластери.

Би можело да ве интересира:

Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg