8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив)

Кои се најчестите знаци за проблеми со менталното здравје кај жените?

Многу е важно да се нагласи дека појавата на некои од овие симптоми не мора да значи дека личноста има проблеми со менталното здравје, но добро би било да се побара професионална помош и совет, пред работите да станат посериозни.

Постојано чувство на тага или безнадежност

Жените често знаат проблемите како депресија или анксиозност да ги потиснуваат во себе.

Ако чувството на длабока тага и безнадежност се претвори во повлеченост, молчеливост, осаменост и целосно потиснување на емоциите, тоа може да значи дека личноста потајно се бори со ментално нарушување.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-04.jpg

Повлекување од секојдневните активности

Кога се соочуваат со нарушувања со менталното здравје, некои жени може целосно да се повлечат и да ги занемарат секојдневните активности во кои некогаш уживале, но и да ги избегнуваат дружбите.

Ако забележите постојано повлекување од секојдневниот живот, од дружбите со пријателите, тоа може да значи дека личноста се соочува со поголеми проблеми.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-06.jpg

Проблеми со спиењето

Со оглед на тоа што тие ги потиснуваат проблемите во себе, може да се случи тоа да им предизвика проблеми со сонот и да влијае врз секојдневниот живот.

Ако покрај другите проблеми, постојат и проблеми со сонот, многу е важно веднаш да се побара помош од специјалист.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-13.jpg

Екстремни промени во расположението

Кај жените што имаат проблеми со менталното здравје, може да се забележат нагли и неочекувани промени во расположението, што се екстремни и многу поизразени од вообичаените променливи расположенија.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-05.jpg

Интензивна анксиозност или загриженост

Често може да се случи кај жените што се справуваат со ментални болести да се појават симптоми како константна анксиозност, нагласена загриженост и ирационални стравови.

Ако овие емоции влијаат врз секојдневниот живот и се комбинирани со други фактори, тоа може да укаже дека постои проблем со менталното здравје.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-11.jpg

Промени во апетитот

Драстичните промени во исхраната, што може да доведат до значајно намалување или зголемување на телесната тежина, се уште еден симптом.

Ако покрај другите симптоми забележите дека личноста има проблеми и со исхраната, тоа значи дека е неопходно да се побара совет од професионалец.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-12.jpg

Постојан замор

Чувството на постојан замор може да влијае врз секојдневието.

Тоа чувство се јавува често како последица на потиснувањето на менталните проблеми и е уште еден од знаците дека на личноста можеби ѝ е потребна професионална помош.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-07.jpg

Физички симптоми што се појавуваат одненадеж

Освен гореспоменатите симптоми, жените што имаат проблеми со менталното здравје често може да чувствуваат главоболки, болки во стомакот кои се појавуваат ненадејно и навидум без причина.

Ако вие или некој ваш близок искусувате некои од овие симптоми, добро би било да се консултирате со психолог, за навреме да можете да ги третирате проблемите, пред ситуацијата да ескалира.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg