8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив)

Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од факторите кои влијаат кај жените да се развијат ментални болести. Кои знаци укажуваат дека можеби ви е потребна помош од лекар или психолог?

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-01.jpg

Проблемите со менталното здравје вклучуваат промени во расположението, мислите и однесувањето.

Од анксиозност до шизофренија, нарушувања во исхраната и борба со зависности – ова се состојби што подеднакво можат да бидат детектирани и кај мажите и кај жените.

Сепак, се смета дека жените може да покажат малку поинакви симптоми и кај нив менталните нарушувања влијаат поразлично отколку кај мажите.

Постојат повеќе причини заради кои жените почесто се соочуваат со проблеми со менталното здравје. Некои се поврзуваат со нивните тела, а другите се поврзуваат со третманот што го добиваат во општеството.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-02.jpg

Кои се најчестите причини за проблемите со менталното здравје кај жените?

Биолошки фактори

Мозокот на жените е поинаков од мозокот на мажите и тоа може да влијае врз менталното здравје.

Жените често имаат повеќе емпатија и емотивно разбирање, што е добро од една страна, но од друга страна, може да ги направи посклони на депресија и анксиозност.

Притисок од општеството

Жените се соочуваат со голем број очекувања и притисоци.

Општеството им наметнува голем број очекувања поврзани со изгледот и секогаш се очекува жените да бидат топли, љубезни и пријателски настроени.

За некои жени овие очекувања може да бидат причина за стрес и проблеми со менталното здравје.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-03.jpg

Родова неправедност

Жените често се соочуваат со ужасен третман само заради својот род.

Без разлика дали станува збор за помалата плата или за негативните коментари, овој неправеден третман може да доведе до повеќе проблеми со менталното здравје кај жените.

Злоупотреба и тешки животни приказни

За жал, многу е поверојатно жените да бидат жртви на злоупотреба или насилство (физичко, сексуално или емоционално) и овие тешки искуства може да имаат долготрајни последици врз нивното ментално здравје.

8-znaci-koi-ukazhuvaat-na-problemi-so-mentalnoto-zdravje-kaj-zhenite-i-zoshto-zhenite-se-poskloni-na-mentalni-bolesti-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg