Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни
Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат на рак на белите дробови?
Ракот на белите дробови е вториот најчест вид рак во светот. Притоа, ова е најчестиот вид рак кај мажите, и вториот најчест вид кај жените.
Само во 2020 година, во светот биле забележани над 2,2 милиони нови случаи на овој вид рак.
Овие информации звучат застрашувачки, но сепак е важно да ги знаете, но и да бидете свесни за симптомите на овој вид рак. Бидејќи, кога ќе се забележат во рана фаза, некои видови рак можат успешно да се третираат.
Важно е да се напомни дека сите спомнати симптоми не значат дека сигурно имате рак. Постојат разни проблеми со здравјето (кои не се ни опасни по живот) што можат да предизвикаат слични симптоми.
Но, ако сте загрижени или забележувате неколку симптоми одеднаш, не чекајте и консултирајте се со лекар.
Во продолжение, осум суптилни симптоми на рак кои треба да ги знаете:
Отежната дишење
Отежнатото и испрекинато дишење е нормално кога се занимаваме со некоја потешка физичка работа.
Но, ако го забележувате овој проблем дури и кога само станувате од кревет, добро би било да се проверите бидејќи најверојатно укажувана некаков респираторен проблем.
Замор
Заморот кој не ви дозволува да функционирате нормално може да биде симптом за цела низа проблеми – од обичен грип, до нешто посериозно.
Ако чувствувате екстремен замор, и ова трае со денови, препорачливо е да се консултирате со лекар.
Постојано кашлање
Кај повеќето пушачи, кашлањето е релативно честа појава.
Сепак, ако нема никаква причина за вашата кашлица, и ви се чини дека се влошува, веднаш одете на лекар.
Болки во грбот и рамената
Обично не би ја поврзале болката во грбот со проблем со белите дробови, но некогаш и ова е симптом за рак.
Некои видови рак на белиот дроб можат да создадат притисок на ребрата и ’рбетот, па оттаму и болката во овој дел.