Како да се подмладите во 2012-та?
Зарем не би било убаво со време да стануваме сè помлади? Тоа е можно и не се работи за сценарио на филмот „Чудесниот случај на Бенџамин Батон“.
Ако ги применуваме 12-те правила против стареење, сигурно ќе се чувствуваме помлади во 2012 година.
1. Земајте повеќе витамин Д
Витаминот Д е познат како најдобро средство против стареење затоа што го негува помнењето, кожата, срцето, коските и помага во борбата против рак. Стручњаците тврдат дека со секојдневно земање на витамин Д можете да го подмладите организмот дури за 9 години.
2. Одржувајте ја хигиената на непцата
Здравата насмевка не само што изгледа привлечно, туку и ги одржува артериите и имуниот систем во одлична форма. Редовното миење на заби и користењето на конец го спречува развојот на болести и паѓање на забите, а благодарение на тоа можете да се чувствувате 6 години помлади.
3. Водете сметка за бројките
Ако го држите обемот на струк, крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и холестеролот под контрола, драматично ќе го намалите ризикот од многу здравствени проблеми. На тој начин вашето срце може да биде во иста состојба како кај 19 години помлада личност.
4. Избегнувајте стрес
Стресот во модерното живеење е присутен во многу облици. Иако поедини видови на стрес можат да имаат и позитивен ефект на организмот, тој најчесто прави да делувате повозрасно и физички и психички. Со избегнување на стресни ситуации ќе се подмладите за речиси две години.
5. Дружете се
Дури и кога немате време да се гледате со пријателите и членовите на семејството, потрудете се да останете во контакт со нив преку телефон, или Интернет. Кога и да можете да споделите некој контакт во живо, направете го тоа бидејќи одржувањето на односите со драгите личности ја подмладува вашата психа за 8 години.
6. Вежбајте
Вежбањето со тегови има позитивен ефект на мускулите и коските. Тренингот на силата во траење од само десет минути три пати неделно може да го направи вашето тело речиси три години помладо, а замислете каков би бил ефектот кога би вежбале секој ден.
7. Бидете среќни
Поминувајте повеќе време со луѓето кои ви мамат насмевка на лицето. Гледајте романтични комедии дури и ако сите околу вас сметаат дека се површни. Смејте се од сè срце кога ќе ви се случи нешто убаво. Смеата го прави организмот помлад за 8 години.
8. Јадете овошје и оревести плодови
Овошје и оревести плодови се совршена ужина помеѓу оброци затоа што го одржуваат срцето здраво и не се одговорни за вишокот на килограми. Ако дневно јадете четири порции овошје можете да се чувствувате 6 години помлади.
9. Јадете интегрален леб
Интегралниот леб е направен од цело зрно на пченица и содржи многу хранливи состојки кои белиот леб ги нема. Влакната ќе ви помогнат да се одбраните од болести и да ја одржите тежината стабилна. Ако јадете пет порции на цели житарици дневно, ќе се чувствувате 3 години помлади.
10. Размислувајте позитивно
Доброто расположение и позитивниот став им помагаат на виталните функции да останат во рамнотежа, а тоа може да направи да се чувствувате како да сте пет години помлади. Обидете се во секој проблем да ја препознаете позитивната страна.
11. Шетајте
Триесет минутна прошетка на ден е најмалку што можете да му подарите на својот организам. Не морате бргу да одите или да трчате како маратонец. Отидете на прошетка со пријателка и нема да се почувствувате колку бргу ви поминало времето. Прошетката ќе ве направи дури девет години помлади.
12. Спијте
Недостатокот на сон е поврзан со влошување на психичкото здравје и развој на многу болести. На возрасните им е неопходно помеѓу шест и девет часа сон за да функционираат нормално. На тој начин го подмладувате организмот за три години.