Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко учење…“
Слична е и приказната на Талија Леман која ја добила дијагнозата за АДХД подоцна во животот, а на својот ТикТок профил редовно објавува видеа во кои покажува што значи да се живее со оваа дијагноза.
Во едно од видеото таа споделува неколку знаци на АДХД кои ретко кој ги споменува, а може да ви укажат на тоа дека страдате од таа состојба.
Кои знаци може да укажат дека личноста страда од АДХД?
Возбудено и постојано зборувате без да се изморите, но потоа се чувствувате дали сте кажале нешто лошо;
Мозокот не престанува да работи и размислувате за 100 различни работи истовремено;
Скокате од една обврска на друга, заради што ништо не успевате да завршите;
Постојано патувате со мозокот и не ги слушате разговорите затоа што мозокот ви брза некаде.
@tahlsyywalsyy some hyperactive signs i demonstrate with adhd #hyperactiveadhd #adhd #adhdtiktok #adhdinwomen #adhdcheck #adhdsymptoms #adhdsymptomsinwomen #adhdsigns #adhdawareness #adhdsignsinwomen #adhdsignsandsymptoms #audhder #audhd #audhdtok #hyperactive
♬ Confidence (sped up version) - Ocean Alley
Во минатото се сметаше дека синдромот на невнимание и хиперактивност (АДХД) е проблем со којшто се соочуваат само малите деца, но тоа е проблем со којшто се соочуваат и голем број возрасни лица.
Станува збор за невролошко нарушување во развојот заради што личноста има проблем со тоа да покаже соодветна самоконтрола.
Се одразува со постојано ненамерно, импулсивно и понекогаш хиперактивно однесување и често е проследено со проблеми на контролирање на емоциите.
Луѓето што страдаат од АДХД имаат многу малку контрола врз сопственото однесување, затоа што состојбата се должи на нивните невролошки проблеми.
Најчесто оваа состојба се сфаќа погрешно, па луѓето не сфаќаат дека немирноста и хиперактивноста кај луѓето со ваков синдром не се јавува како физичка карактеристика, туку одвнатре.
Децата и луѓето се чувствуваат како истовремено да водат 4 или 5 разговори во сопствената глава и едноставно не знаат како да најдат спокој.
Други симптоми што може да бидат знак дека детето или личноста страда од АДХД се:
- Потешкотии да обрне внимание на работи што не им се интересни;
- Собата, ранецот на детето или чантата постојано се во хаос;
- Импулсивно однесување: избрзано кажување работи или постојано барање возбуда и впуштање во опасни ситуации;
- Ниска толеранција на работите што не им се допаѓаат: гнев, тантруми кога се соочуваат со предизвици, целосно затворање во себеси кога се преоптоварени и слично.
Доколку се сомневате дека вие или вашето дете имате проблеми со АДХД, консултирајте лекар или стручно лице со цел да ви помогне да добиете навремена дијагноза.
Б. С. Б. | Црнобело