Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат?

Синдром на полицистични јајници

Ова е доста чест проблем кој се претпоставува дека го имаат околу 10% од жените.

Покрај појавата на влакна на стомакот, лицето и слично, синдромот се карактеризира со симптоми како нередовни и болни менструации.

Ако имате синдром на полицистични јајници, препорачливо е да се консултирате со гинеколог.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-06.jpg

Кушингов синдром

И ова е состојба карактеризирана со хормонална нерамнотежа, односно зголемено лачење на хормонот кортизол во телото.

Кортизолот е познат и како „стрес хормон“, а преголемото количество има влијание врз разни делови и процеси во организмот, вклучувајќи го и растот на влакна на женското тело.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-07.jpg

Други хормонални промени

Постојат безброј причини зошто би можеле да се појават хормонални промени кај жените – пубертет, бременост, користење апчиња за контрацепција…

Сите овие промени можат да предизвикаат појава на влакна на невообичаени делови од телото, вклучувајќи го и стомакот.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-8.jpg

Дали е безбедно да ги отстраните влакната на стомакот?

Потполно е безбедно да ги отстранувате влакната на стомакот со метод кој вам ви одговара најмногу.

Можете да користите пинцета или восок за депилација кои даваат долготрајни резултати.

Можете да користите и брич, но во овој случај ќе треба да ги бричете на околу два-три дена.

Може да се консултирате и за ласерска депилација која дава најдолготрајни резултати.

vlakna-na-stomakot-kaj-zhenite-kako-da-gi-otstranite-i-zoshto-se-pojavuvaat-020.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg