Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно?
Можат ли да настанат компликации ако не одите на лекар?
Влијанието на појавата на тинитус е различно кај секого.
Ако не се третира, кај некои луѓе може да се појават проблеми како:
- Замор
- Стрес
- Несоница
- Проблеми со концентрација и сеќавање
- Депресија
- Анксиозност и раздразливост
- Главоболки
Кој е изложен на поголем ризик?
Секој може да се соочи со тинитус, но следниве фактори го зголемуваат ризикот:
Изложеност на гласна врева – како што веќе спомнавме, гласните звуци можат да предизвикаат тинитус.
Возраст – тинитусот е почеста појава кај постарите кои се соочуваат со проблеми со слухот.
Пол – тинитусот е почеста појава кај мажите.
Пушење и пиење алкохол – истражувањата покажале дека пушачите и луѓето кои пијат многу алкохол почесто имаат тинитус.
Одредени здравствени проблеми чии симптоми некогаш или секојпат вклучуваат и тинитус.
Како се третира и може ли да се спречи?
Третманот на тинитус зависи од тоа од што е предизвикан.
На пример, ако е поради здравствен проблем, лекарот ќе се фокусира на тој проблем. Ако е поради оглувување, можно е да добиете помагало за слушање.
Ако е предизвикан од лекови, можно е да ви ја променат терапијата.
Во повеќето случаи не можете да ја спречите појавата на тинитус бидејќи нарушувањето е предизвикано од проблеми надвор од ваша контрола.
Сепак, можете да преземете некои мерки за да го намалите ризикот:
- Користете заштита за ушите ако работите на место со многу врева
- Не слушајте многу гласна музика преку слушалки
- Водете добра грижа за кардиоваскуларното здравје
- Ограничете го внесот на алкохол и никотин
Спирова С. | Црнобело