10-те најчести причини за главоболка
Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини за главоболка. Кои други причини е добро да ги знаете?
Главоболката е мака со којшто сме се соочиле сите.
Но, проблемот е што неретко воопшто не ни знаеме од што нè боли главата.
Постојат безброј причини за појава на главоболка и повеќето не треба да ве загрижуваат.
Но, сепак, добро би било да знаете дел од најчестите:
Алергии
Алергиите, како на полен, предизвикуваат блокада во синусите и создаваат притисок во областа на главата.
Неретко симптомите се придружени со чешање и солзење на очите, додека самата болка се чувствува и на лицето.
Обично сезонските алергии се оние кои ја предизвикуваат оваа главоболка.
Проблеми со синусите
Како алергиите, и проблемите со синусите можат да создадат притисок во оваа област.
Тогаш болката е најизразена на челото, околу очите и на образите.
Доколку имате инфекција на синусите, препорачливо е да одите на лекар кој ќе ви препише соодветни лекови.
Ако, пак, често ви се појавуваат вакви проблеми, можеби ќе треба да направите подетален преглед на синусите.
Анксиозност
Проблемите со менталното здравје можат да предизвикаат и физички симптоми.
Ако сте изложени на многу стрес, имате анксиозност или минувате низ тежок период, многу е возможно да чувствувате и главоболка.
Овој проблем може да се влоши ако имате и проблеми со спиењето.
„Кластер“ главоболка
Ова претставува силна болка околу очите или на едната страна од главата.
Болката е остра и може да се повтори неколкупати во текот на денот.
Обично оваа главоболка не е сериозна, но болката може да биде интензивна и да се повторува со месеци.
Ако сте во ваква ситуација, препорачливо е да одите на лекар бидејќи неретко обичните лекови за болка не функционираат.
Не е позната точната причина за појава на овој вид главоболка, но забележано е дека е почеста кај мажите на возраст од 30 до 40-тина години.
Нагло прекинување на консумирање кафе
Ако сте имале навика да пиете многу кафе, а одеднаш престанете, најверојатно ќе се соочите со главоболка.
Кофеинот сепак создава зависност, па ако не сте умерени, ќе чувствувате последици.
Главоболката од овој тип најчесто е пулсирачка.
Во овој случај пробајте постепено да го намалите внесот на кофеин. Доколку болката не престанува, консултирајте се и со лекар.