Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје?
Црна или темнокафеава
Овие нијанси можат да бидат знак за засушена крв од постаро крвавење, но постојат и други причини.
Овде спаѓаат повреди на ’рбетот, високо количество на киселина во урината, труење со тешки метали и, во ретки случаи, инфекција со некаков паразит.
Ако забележите ваква промена, секогаш е добро да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека не станува збор за нешто сериозно.
Густа текстура
Густината на семената течност зависи од многу фактори – од колку често имате секс, до колку водата пиете.
Течноста е погуста ако сте дехидрирани, но и ако долго време сте немале односи.
Ако станува збор за повремено менување на густината, тогаш не би требало да се грижите.
Единствено почнете да водите подобра грижа за здравјето – пијте повеќе вода, намалете со алкохол и слично.
Сепак, доколку густината не се врати во нормала, а притоа чувствувате и други симптоми, одете на лекар.
Разредена семена течност
Ако семената течност изгледа многу ретка, тоа обично е предизвикано од честа ејакулација.
Сепак, доколку не се регулира, одете на лекар.
Лош мирис
Нормално е семената течност да има мирис чиј интензитет варира.
Но, ако мирисот е непријатен, тогаш најверојатно е знак за некаков проблем.
Имајте на ум дека и честото консумирање на некои намирници, како лук, може да има влијание врз мирисот.
Но, откако ќе ја промените исхраната, а уште забележувате лош мирис, тогаш добро би било да одите на лекар.
Доколку станува збор за сексуално пренослива инфекција, обично ќе биде придружена со други симптоми, како печење при уринирање.
Спирова С. | Црнобело