Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот?

Кога треба да одите на лекар?

Ако се јават симптоми на анафилакса, мора задолжително да повикате брза помош.

Ако, пак, чувствувате послаби симптоми и се сомневате дека имате алергија на некоја храна, вашиот лекар може да направи неколку тестови со кои ќе ја утврди.

Најпрво ќе бидете прашани за симптомите, а ќе ви биде направен и преглед во случај да се предизвикани од друг проблем.

Можно е да ви биде направена крвна слика, како и алерго тест на кожата.

koi-se-najchestite-simptomi-na-alergija-na-hrana-i-koga-mozhat-da-bidat-opasni-po-zhivot-05.jpg

Кои се најчестите алергии на храна и постои ли лек?

Храната која најчесто предизвикува алергии кај децата, но и кај возрасните, вклучува:

  • Млеко и млечни производи
  • Јаткасти плодови и кикиритки
  • Јајца
  • Соја
  • Сусам
  • Жито
  • Риба и школки

koi-se-najchestite-simptomi-na-alergija-na-hrana-i-koga-mozhat-da-bidat-opasni-po-zhivot-06.jpg

Не постои лек за алергии и единствениот начин да ги избегнете симптомите е да ја избегнувате храната на којашто сте алергични.

Ако случајно дојдете во контакт со храна со којашто се алергични и се јават поблаги симптоми, можно е да ви бидат дадени антихистамини – лекови кои ќе помогнат во повлекувањето на симптомите.

Во случај на сериозна реакција, важно е да реагирате брзо и веднаш да одите на лекар или да повикате брза помош.

Ако имате сериозна алергија, лекарот може да ви даде и инјекција која е препорачливо да ја носите со вас, во случај да дојдете во контакт со храната на којашто сте алергични.

Исто така, ако имате сериозна алергија, не ризикувајте и ако не сте сигурни за состојките на некоја храна, најдобро не ја јадете воопшто.

koi-se-najchestite-simptomi-na-alergija-na-hrana-i-koga-mozhat-da-bidat-opasni-po-zhivot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg