Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува?
Едно од главните прашања кои сигурно ве мачат доколку го имате овој проблем е: како се лекува псоријазата на главата?
Најважно е навреме да ја препознаете болеста и да побарате лек кој најмногу ќе ви одговара.
Третманите може да се поделат на три главни типа: локални третмани, светлосна терапија и системски лекови.
Најдобро е прво да се консултирате со лекар пред да пробате некој третман.
1. Локални третмани
Прв начин на одбрана од оваа болест се лековите што се нанесуваат директно на кожа: медицински шампони, кремови, гелови, лосиони, пени, масла и сапуни. Некои од овие производи можете да ги набавите сами во аптека, а за некои потребен е и рецепт.
Кортикостероиди - овие лекови најчесто се препишуваат за третман на блага до умерена псоријаза.
Витамин Д - синтетичките форми на витаминот Д го забавуваат растот на клетките на кожата. Се користат за лекување на блага до умерена псоријаза, заедно со други третмани.
Третманите со витамин А доаѓаат во форма на крем, пена или гел, се користат навечер и се оставаат да се исушат на чиста кожа.
Салицилна киселина - го поттикнува сушењето на мртвите клетки на кожата и го намалува лупењето.
Јаглен или катран - ги намалува сушењето на кожата, чешањето и воспаленијата.
2. Светлосна или фототерапија
Овој третман користи природна или вештачка ултравиолетова светлина. Наједноставниот и најлесниот облик на фототерапија е изложување на вашата кожа на контролирани количини на природна сончева светлина.
Други форми на светлосна терапија вклучуваат употреба на вештачка ултравиолетова А (УВА) или ултравиолетова Б (УВБ) светлина, самостојно или во комбинација со лекови.
3. Системски лекови
Ако имате потешка форма на псоријаза на скалпот или ако сте отпорни на други видови третмани, вашиот лекар може да ви препише орални или лекови во вид на инјекции.
Природни лекови за псоријаза
Иако алтернативната медицина не може да излечи псоријаза, секако постојат природни третмани кои можат да ги олеснат вашите симптоми.
Но, не ги користете пред претходна консултација со лекар.
Намирници кои можат да ви помогнат се:
Сода бикарбона - ставете една лажица сода бикарбона во мала чаша вода и со туфер или крпче нанесете од смесата на главата.
Лук - сокот од цел испасиран лук измешајте го со крем или гел од алое вера во однос 1:1 и нанестете на главата, па оставете да делува 15 до 20 минути, а потоа измијте со студена вода.
Кокосово масло - стопете 2 до 3 лажици кокосово масло, а потоа нанесете го на главата нежно масирајќи го скалпот.
Јогурт - на скалпот нанесете половина шолја јогурт и оставете да делува половина час, а потоа измијте ја косата со благ шампон без сулфат.
Јаболков оцет - растворете јаболков оцет со вода и течноста нанесувајте ја на кожа неколкупати неделно. Избегнувајте го овој третман ако кожата ви е испукана или крвари.
С. Ш. | Црнобело