Што е комплекс на пониска вредност - Како настанува и кои се симптомите?
Природно е понекогаш да се чувствувате несигурно, особено ако се соочувате со сериозни животни предизвици. Доколку постојано имате лошо мислење за себе, не поднесувате критики, лесно се откажувате и не прифаќате комплименти, можно е да имате и комплекс на пониска вредност.
Комплексот на пониска вредност влече корени од најраното детство, односно од погрешните обрасци на воспитување и е составен дел од некои состојби како што се депресија и анксиозност.
Постојано критикуваното дете, кое секој ден слушало дека не го бива за ништо и дека е глупаво, многу лесно ќе развие чувство на пониска вредност.
Иако за некого може да звучи неверојатно, комплексот на повисока вредност е другата страна на комплексот на пониска вредност.
Што е комплекс на пониска вредност?
Оние кои страдаат од комплекс на пониска вредност имаат хронично ниска самодоверба, честопати сами на себе си упатуваат понижувачки коментари, за кои се убедуваат дека се точни.
Оваа ситуација може да биде навистина исцрпувачка за самите пациенти.
Американската психолошка асоцијација (АПА) го дефинира комплексот на пониска вредност како чувство на неадекватност и несигурност, што произлегува од реален или замислен физички или психолошки недостаток.
Може да се спореди со „комплекс на висока вредност“, каде што поединецот има претерано високо мислење за сопствените способности и достигнувања.
Комплексот на пониска вредност најчесто се развива во детството поради негативни искуства или растење во семејство кое прави да се чувствувате помалку или недоволно добро. Бидејќи комплексите на пониска вредност се потсвесни и водат до широк опсег на негативни мисли, тие се манифестираат многу различно кај луѓето.
Што предизвикува комплекс на ниска вредност?
Терминот „комплекс на пониска вредност“ бил измислен на преминот од 19-тиот и 20-тиот век од страна на австралискиот психолог Алфред Адлер. Адлер сакал да разбере зошто на некои луѓе им недостасува мотивација за да ги постигнат своите цели. Тој сметал дека секој е роден со одредена доза на инфериорност, стекната во детството и дека сите ние имаме вродена желба да го надминеме тоа чувство.
Психолозите денес веруваат дека комплексите на ниска вредност не се засноваат само на искуства од детството, туку обично произлегуваат од комбинација на фактори, вклучувајќи:
- Искуства од детството;
- Искуствата што ги имаме како возрасни;
- Карактеристики на личноста.
Знаци и симптоми кои укажуваат дека имате комплекс на пониска вредност?
Како да знаете дека имате комплекс на пониска вредност?
Постојано ќе имате чувство на ниска самодоверба и негативна слика за себе.
Сепак, понекогаш симптомите не се толку очигледни.
Ако имате ваков тип на ментален проблем, еве некои од вообичаените работи што може да ги доживеете:
- Несигурност и ниска самодоверба;
- Неможност да ги постигнете своите цели;
- Лесно се откажувате;
- Постојано имате најлоши сценарија во глава;
- Се повлекувате од друштвени активности;
- Често се чувствувате лошо;
- Анксиозност и депресија;
- Чувствителни сте на критики;
- Не ги сфаќате сериозно комплиментите.
Следниве состојби се исто така знаци на комплекс на пониска вредност, иако често погрешно се поврзуваат за некој кој делува премногу самоуверено:
- Перфекционизам;
- Барање на внимание;
- Чувствителност на критики;
- Постојано барате вина кај другите;
- Едвај ги признавате своите грешки;
- Се чувствувате подобро ако некои работи ги правите подобро од другите.
Како се лекува комплексот на пониска вредност?
Комплексот на пониска вредност не само што може да ве повреди вас, туку и оние околу вас.
Покрај тоа, бидејќи развивањето комплекс на пониска вредност може да доведе до нарушувања на менталното здравје како што се анксиозност и депресија, важно е да побарате стручно лице ако чувствувате дека се борите со овој тип на состојба или пронајдете други ефективни начини за надминување на таквите чувства.
Психотерапијата е одличен начин за надминување на оваа состојба.
Вашиот психолог може да ви помогне да смислите начини да ја преобликувате вашата слика за себе и да ја обновите вашата самодоверба.
Овие разговори може да бидат тешки.
Соочувањето со минатото односно со причината за настанувањето на овој комплекс не е воопшто лесно.
Имајте на ум дека многу луѓе страдале од комплекс на пониска вредност во одреден момент од нивниот живот и можно е повторно да се чувствуваат сигурни со помош на терапија.
Опкружувањето со позитивни и успешни луѓе може исто така да ви биде од помош.
Негативните или токсичните врски понекогаш може да нè доведат до неуспех.
Во случај некој да има ниска самодоверба, која е придружена со одредени психолошки состојби, како што се тешка анксиозност или депресија, експертите може да советуваат и употреба на лекови.
Американската асоцијација за анксиозност и депресија во овој случај вклучува антидепресиви кои го зголемуваат нивото на хормоните на среќа во мозокот.
Заклучок
Секој има свои силни и слаби страни, но не постои причина зошто некој треба да се чувствува помалку самоуверен од другите.
Животот со комплекс на пониска вредност не е нешто што само треба да се прифати.
Тоа е нешто од кое можете да се ослободите и повторно да чувствувате самодоверба, која ќе ви помогне да напредувате во животот.
С. Ш. | Црнобело