Цисти на јајници: Симптоми и начини на лекување - дали влијаат врз забременувањето и кога е потребна операција?

Силна болка во стомакот и грбот, подуеност, брзо и плитко дишење, зачестено мокрење се знаци дека можеби имате циста на јајниците. Доколку не се реагира брзо, некои видови цисти може да предизвикаат сериозни компликации и да биде потребно отстранување на јајниците и матката. Kои цисти може да отежнат забременување и како да ги лекувате?

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-01.jpg

Цистите на јајници се едно од најчестите гинеколошки заболувања. Скоро и да не постои жена која во одреден период од животот не развила цисти.

Најчесто се појавуваат кај помладите пациентки, кои се во репродуктивен период.

Цистите на јајници може да претставуваат поголема опасност кога ќе се појават кај пациентки постари од 45 години.

Цистите се всушност ќесички исполнети со течна или полутечна содржина.

Големината на самата циста варира и може да биде од големина на зрно грашок до големина на портокал, но одредени цистични тумори можат да пораснат и до над 30 килограми. 

Цистите можат да се појават на двата јајници истовремено.

Не можат да влијаат на плодноста на жената, но можат да предизвикаат компликации околу оплодувањето. 

Голем процент од цистите се главно безопасни, односно се од бенигна природа.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-04.jpg

Како се класифицираат цистите?

Во зависност од начинот на настанување, разликуваме две групи на цисти: функционални и нефункционални цисти.

Функционалните цисти - тие се најчестиот тип на цисти на јајници. Се јавуваат за време на овулацијата и се безопасни.

Разликуваме два типа на функционални цисти:

Фоликуларни цисти - генерално не предизвикуваат никакви симптоми и исчезнуваат спонтано по 1 до 3 месеци;

Лутеински цисти - овој тип на цисти обично исчезнува по неколку месеци и може да предизвика ненадејна и остра болка, придружена со крварење.

Нефункционалните цисти немаат врска со менструалниот циклус и постојат 3 видови: 

Дермоидни цисти или тератоми - можат да содржат ткиво, како што се коса, кожа или заби, бидејќи се формирани од ембрионски клетки. Многу ретко се канцерогени;

Цистаденоми - се развиваат на површината на јајниците и може да бидат исполнети со водена или мукозна содржина;

Ендометриоми - се јавуваат како резултат на ендометриоза, кога дел од внатрешниот слој на матката се прилепува на јајниците и на тој начин создава циста.

Полни се со крв и можат да предизвикаат големи болки, особено за време на менструацијата, исто така можат да ги деформираат јајниците и да доведат до неплодност.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-02.jpg

Полицистични јајници

Полицистични јајници - претставуваат покомплицирани типови на цисти, за чие лекување освен гинеколошки, потребен е и ендокринолошки третман.

Полицистичните јајници се придружени со посериозен хормонален дисбаланс, кој со себе носи низа други симптоми - нередовен менструален циклус, акни, слабеење, дебелина, губење на косата, покачен шеќер во крвта, отпорност на инсулин.

Овие типови на цисти можат да го отежнат зачнувањето, но со соодветна хормонална и гинеколошка терапија, како и со трајни промени во животниот стил (физичка активност, престанок со пушење и консумирање алкохол) зачнувањето нема да е невозможно.

Многу често, бременоста има позитивен ефект и го намалува бројот на цисти и можноста за создавање нови.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-05.jpg

Симптоми

Повеќето цисти, додека се мали не предизвикуваат никакви симптоми. 

Појавата на симптомите зависи од големината на самата циста како и од нејзиниот притисок врз соседните органи.

Кога цистата е мала, нема изразени симптоми, но кога ќе почне да расте почнуваат да се појавуваат болки во долниот дел на стомакот и грбот, чувство на непријатност, абдоминална дистензија и болка при сексуален однос.

Покрај горенаведените симптоми, може да се јави и: вртоглавица, омалаксаност, подуен стомак, отекување на желудникот, брзо и плитко дишење, треска, губење на апетитот, зачестено мокрење, болки и проблеми со столицата.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-06.jpg

Компликации

Руптура на цистите или торзија на јајниците се сериозни компликации кои може да остават големи последици доколку не се реагира веднаш.

Торзијата на јајниците се случува кога јајниците ја менуваат својата позиција во однос на првобитната положба. Нивното поместување може да доведе до намалена циркулација или целосен прекин на циркулацијата на јајниците, а доколку овој проблем се запостави, може да доведе до целосна смрт (некроза) на јајниците.

Руптурата на цистата настанува кога цистата ќе достигне многу голем волумен и на тој начин се зголемува нејзината шанса да пукне, а кога ќе пукне доаѓа до остра, силна болка и крварење и потребна е итна операција.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-07.jpg

Лечење и превенција

Во повеќето случаи, цистите на јајниците остануваат мали по големина и не бараат никаква интервенција. Потребно е само редовно следење од страна на доктор.

Помалите, „водени“ цисти во повеќето случаи самите спонтано пукаат. Ако цистата не исчезне по неколку месеци, може да се примени терапија со лекови.

Функционалните цисти не влијаат на плодноста на жената и не треба да се отстрануваат, додека пак нефункционални цисти мора да се отстранат за да се избегнат поголеми компликации.

Некои цисти може да се извадат без отстранување на јајниците. Во некои случаи, вашиот лекар може да предложи отстранување на зафатениот јајник и оставање на другиот недопрен (оофоректомија).

Ако цистичната маса е канцерогена, потребно е хируршко отстранување на јајниците, јајцеводите и матката со можна дополнителна хемотерапија и/или терапија со зрачење.

cisti-na-jajnici-simptomi-i-nacini-na-lekuvanje-dali-go-oteznuvaat-zabremenuvanjeto-i-koga-e-potrebna-operacija-03.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален цик...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg