Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува?

Како да го капете бебето кое има атопичен дерматит?

При капење на дете со атопичен дерматитис, треба да се внимава со средствата за лична хигиена кои се користат.

Водата не смее да биде премногу топла (околу 32-34°C), а капењето треба да биде кратко (5-10 минути).

Важно е добро да ја измиете кожата и нежно да ја исушите со соодветни крпи со тапкање, без триење.

Избегнувајте пенливи купки, алкални сапуни и парфимирани средства за хигиена.

Во консултација со педијатар, одберете крем кој ќе ја омекне кожата на детето, а со тоа ќе се намали можноста за повторно појавување на атопичниот дерматит и ќе се намали потребата за користење кортикостероидни производи.

atopicen-dermatit-kaj-bebinja-pricini-poradi-koi-se-javuva-i-kako-da-go-lekuvate-11.jpg

Какво влијание има исхраната врз заболувањето?

Треба да внимавате и на исхраната на детето. Се препорачува да го доите вашето бебе што е можно подолго, а дохрана да воведете од четвртиот до шестиот месец од животот и тоа многу внимателно.

Повеќе од 90% од алергиските реакции се предизвикани од: јајца, кравјо млеко, соја, пченично брашно, јаткасти плодови, кикиритки, риба и школки.

Ако се сомневате дека вашето дете е алергично на храна, тоа треба да го утврди лекар. 

Не постои универзална диета за пациенти со атопичен дерматит, но може да се обрне внимание на храна богата со витамини и протеини.

Ако детето е алергично на лактоза, давајте му оризово, соино или млеко од овес. За какви било промени во исхраната на бебето, најпрво консултирајте се со лекар.

Мајката која го дои своето дете треба да внимава и на исхраната, но не треба непотребно да ги исфрла прехранбените продукти од своето мени.

atopicen-dermatit-kaj-bebinja-pricini-poradi-koi-se-javuva-i-kako-da-go-lekuvate-14.jpg

Како се лекува атопичниот дерматит?

За жал, сè уште не постои конкретен лек за оваа состојба на кожата, сепак, постојат многу начини на кои можеме да му помогнеме на нашето бебе или дете.

Лечењето е со цел да се намалат симптомите (чешање и егзема), а во исто време да се спречи повторување на болеста. 

Докторите обично препишуваат и кортикостероидни кремови и масти.

За да се смират, а воедно и да се спречат симптомите, потребно е да се внимава на хигиената и негата на кожата.

Во текот на летото и престојот на море состојбата на кожата на детето се подобрува, додека зимските услови имаат неповолно дејство и се влошува.

Поради сувиот воздух, особено во простории со греење, во зима кожата дополнително се суши.

atopicen-dermatit-kaj-bebinja-pricini-poradi-koi-se-javuva-i-kako-da-go-lekuvate-10.jpg

Природно лекување на атопичен дерматит

Пред да пробувате домашни лекови и слично, задолжително консултирајте се со лекар. Користете ги природните лекови само ако лекарот ви ги одобри. Во спротивно, постои ризик да ја влошите состојбата на кожата на бебето.

Кокосово масло

Кокосовото масло има антибактериски својства кои значително го намалуваат ризикот од инфекција со егзема. Особено е добро да се користи ладно цедено кокосово масло.

Кокосовото масло намачкајте го во тенок слој неколкупати на ден на иритираниот дел од кожата и оставете ја кожата да го впие.

Сончогледово масло

Друг ефикасен природен навлажнувач е сончогледовото масло, кое лесно се апсорбира преку кожата.

Сончогледовото масло има антиинфламаторно дејство и ја зголемува еластичноста на кожата.

atopicen-dermatit-kaj-bebinja-pricini-poradi-koi-se-javuva-i-kako-da-go-lekuvate-12.jpg

Кремови кои содржат витамин Б12

Кремовите кои содржат витамин Б12 можат да бидат многу ефикасни во контролирањето на симптомите на егзема.

Овесна каша

Овесната каша многумина ја сметаат за најдобар природен лек за егзема, бидејќи ги ублажува симптомите на егзема со намалување на воспалението и нормализирање на pH вредноста на кожата.

Сепак, потребни се дополнителни истражувања - овој лек не делува кај сите егземи.

Купката со овесна каша ќе ја хидрира сувата кожа и ќе го ублажи чешањето од егзема.

Солени соби

Солените соби користат техника наречена халотерапија, која е многу популарна во Европа и Русија.

Микрокристалите на солта се дисперзираат во воздухот од просторијата за лекување, каде што дејството на честичките сол на кожата го намалува чешањето и иритацијата и може да резултира со значително подобрување на симптомите на егзема.

atopicen-dermatit-kaj-bebinja-pricini-poradi-koi-se-javuva-i-kako-da-go-lekuvate-01.jpg

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg