Што не треба да правите на работната маса
Долгиот работен ден понекогаш значи седење на стол пред компјутер подолго од 8 часа и на прв поглед не преставува предизвик за вашето тело.
За да се спречи „пасивното“ занимавање пред екранот на компјутерот да стане фактор на ризик за појава на хронични заболувања, некои навики мора да станат минато.
1. Јадење пред компјутер
Ручањето на работната маса директно не е опасно за здравјето (ако се изземе фактот дека тастатурата е еден од највалканите предмети), но тука се крие замката на несвесно јадење кое лесно може да доведе до прејадување. Покрај тоа многу е важно времето за јадење да ви биде посветено само вам за да можете да се концентрирате на својата чинија, барем за кратко со мислите да бидете далеку од деловните задачи.
2. Прекрстени нозе
Можеби тоа го правите од навика, а можеби затоа што така ви е најудобно. Ако ги држите нозете прекрстени подолго време ќе ја блокирате циркулацијата што делува и на појавата на болки во грбот. Здравствено безопасно, но прекрстувањето на нозете води и до појава на целулит кај припадничките на понежниот пол. Доколку не можете да се откажете од прекрстување на нозете, обидете се да ги сменувате на неколку минути.
3. Гласна музика на слушалки
Омилениот изведувач на слушалки, пуштени на максимум, ќе ве разбуди во зимските утра кога ниту кафето не ви помага да ги држите очите отворени. Но, обидете се да ја намалите гласноста барем за некој степен, бидејќи со силна музика многу тешко ќе се концентрирате на работата и на важните работи поврзани со вашата егзистенција.
4. Прескокнување на паузата
Без разлика колку ви е напорен работниот ден и колку малку време имате за завршување на сите работи кои од вас ги бараат претпоставените, морате да одвоите време за пауза. Прошетајте до најблискиот дуќан и протегнете ги нозете, одморете ги очите од компјутерот.