Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи?

Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, затоа е важно да бидеме добро информирани во врска со неговото пренесување и симптомите кои се јавуваат по заразата. Што сѐ треба да знаете?

shto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-mozhe-li-da-se-izlechi-01.jpg

Хепатит Ц е инфекција која го зафаќа црниот дроб, а е предизвикана од вирусот на Хепатит Ц (ХЦВ).

Инфекцијата ХЦВ води до акутно воспаление, кое напредува во хроничен Хепатит кај 80 проценти од заразените.

Ако хроничниот Хепатит Ц не се лекува, инфекцијата е обично доживотна, со тоа што кај 20 проценти од заболените, по 20 до 30 години, доведува до цироза на црниот дроб, последователно губење на функцијата на црниот дроб или рак на црниот дроб.

shto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-mozhe-li-da-se-izlechi-02.jpg

Како се пренесува Хепатит Ц?

Хепатит Ц се пренесува со директен контакт на незаразено лице со заразена крв. 

До контакт со инфицирана крв може да дојде на следниве начини: користење на исти игли (искористени за вакцинација, консумирање на дрога, тетовирање и слично); преку самото раѓање (бебето го добива од мајката); ретко и преку полов однос.

Многу малку се истакнува дека вирусот може да се пренесе со нестерилни инструменти во салони за тетовирање, пирсинг и други инвазивни начини за разубавување на телото.

Иако ретко се случува овој вирус да се пренесе со користење на ист прибор за лична хигиена, најдобро е да не се делат исти четкички за заби, ножички или ноктарки, ниту пак жилети со други лица.

Вирусот на Хепатит Ц надвор од човечкото тело може да биде пренослив и до неколку седмици, но колку долго тој е заразен зависи од условите на околината. Сепак, овој период дури и засирената крв може да претставува ризик за другите. 

Доколку се сомневате дека сте заразени со вирусот, задолжително консултирајте се со специјалист и не поставувајте сами дијагноза.

sto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-moze-li-da-se-izleci-02.jpg

Хепатит Ц НЕ СЕ ПРЕНЕСУВА ПРЕКУ:

вообичаен контакт со други лица (прегратка, ракување, држење за рака, бакнеж...)

- храна или пијалак (делење на прибор за јадење или пиење од иста чаша)

- кашлање или кивање

shto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-mozhe-li-da-se-izlechi-03.jpg

Кои се симптомите?

Периодот на инкубација (времето од инфекција до појава на првите симптоми на болеста) се движи од 2 седмици до 6 месеци.

Сепак, дури 80% од заразените немаат никакви симптоми.

Ако се појават симптоми, тие изгледаат како обичен грип, односно вклучуваат замор, слаб апетит, чешање, гадење, повраќање, болка под десното ребро, темна урина (боја на темно пиво) и светла (сива) столица. Пожолтување на кожата и белките на очите е присутно кај 10% од пациентите.

sto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-moze-li-da-se-izleci-06.jpg 

Тестирање на Хепатит Ц:

Со оглед на тоа дека често не се јавуваат никакви симптоми, оваа инфекција единствено може да се открие со тестирање на овој вирус.

Проверката е препорачлива кај луѓе со покачени ензими на црн дроб, затоа што најчесто ова е единствениот знак за хроничен Хепатит.

Вашиот лекар може да дијагностицира дали сте заразени со Хепатит Ц со едноставен тест на крвта.  

Ако е позитивен овој тест, се прави уште еден тест за да се потврди имуно-матрицата и за да се одреди сериозноста.

Кога ќе дознаете дека сте заразени може да преземете потребни мерки со кои ќе му помогнете на своето тело да се бори против овој вирус, а и да ги заштитите вашите домашни од случаен пренос на вирусот. 

Што ќе биде со мене ако имам хроничен Хепатит Ц?

Луѓето заразени со Хепатит Ц можат да живеат 20 до 40 години без сериозни компликации. Не секој што живее со хроничен Хепатит Ц треба веднаш да се вклучи во лекување.

sto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-moze-li-da-se-izleci-03.jpg 

Каква храна да избегнуваат заразените?

Намалете со консумација на кујнска сол. Немојте да пиете газирани пијалаци.

Исхраната нека ви биде богата со овошје, зеленчук, житарки, а намалете со внесување на мрсна храна.

Немојте да јадете сирови школки затоа што тие може да содржат бактерии кои вашиот црн дроб нема да може да ги отстрани.

Избегнувајте или намалете го консумирањето на кофеин, брза храна, готова и пржена храна, затоа што содржи многу шеќери.

Избегнувајте алкохол затоа што тој дополнително го оштетува црниот дроб. 

shto-e-toa-hepatit-c-kako-da-otkriete-deka-go-imate-i-mozhe-li-da-se-izlechi-04.jpg

Како се лекува овој вирус?

Денес постојат разни лекови за лекување на хроничниот Хепатит Ц. 

Третманот трае од 24 до 48 недели во зависност од типот на вирусот. За време на терапијата се следи нивото на вирусот во крвта, со цел негова целосна елиминација и намалување на ризикот од развој на цироза и рак на црниот дроб.

Терапијата може да се прекине пред горенаведениот период ако не е успешна или ако се забележат несакани ефекти кои пациентот не може да ги толерира.

Лекувањето за време на првите шест месеци е поефикасно отколку кога вирусот ќе стане хроничен.

Важно е редовно да посетувате лекар за да ја следите болеста и сите промени. Вашиот лекар е најквалификуваното лице кое може да ја процени вашата состојба.

За да се утврди дека инфекцијата е излечена, мора да се чека шест месеци по завршувањето на третманот, бидејќи вирусот може повторно да се појави. 

Повторување на вирусот се јавува кај 25 до 30 проценти од пациентите. 

Кај излечените пациенти нема траги од вирусот во крвта или црниот дроб, дури и по неколку години. 

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg