4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет

Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини дека немате енергија за ништо, дури и кога спиете добро? Ова може да биде знак дека е време да обрнете повеќе внимание на вашето ментално здравје.

4-predupreduvachki-znaci-deka-mentalnoto-zdravje-treba-da-vi-stane-prioritet-01.jpg

Исто како физичкото, од голема важност е да водиме грижа и за менталното здравје.

Всушност, менталното и физичкото здравје се тесно поврзани и имаат влијание едно врз друго.

За жал, многу луѓе го запоставуваат менталното здравје и бараат помош дури кога е премногу доцна.

Кои се предупредувачките знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет?

Лесно станувате гневни

Дали постојано се чувствувате раздразливо и дури и најневажните работи ве „вадат од такт“?

Станувате гневни на најбанални проблеми, како моментот кога не можете да го најдете далечинскиот управувач.

Можеби дури станувате гневни и на работи кои не се лоши, како порака од пријател.

Генерално, сè што се случува околу вас може да ве разгневи, а не ни знаете зошто.

Сето ова е знак дека можеби треба да поработите на менталното здравје. Изразената раздразливост може да биде симптом за нарушувања како депресија и анксиозност.

Тешко ви е да водите грижа за себе

Туширањето, миењето заби и слично се основните работи кои треба да ги правиме за себе.

Но, дали можеби сè повеќе ви изгледаат како обврски кои е невозможно да ги завршите?

Ако забележите дека ја запоставувате и најосновната грижа за себе, време е да се фокусирате на вашето ментално здравје.

4-predupreduvachki-znaci-deka-mentalnoto-zdravje-treba-da-vi-stane-prioritet-02.jpg

Постојано сте изморени

Дури и кога спиете доволно, ви се чини дека немате енергија ни да ги измиете садовите.

Постојано чувствувате замор и единственото нешто на коешто мислите е како вечер ќе си легнете.

Ова може да биде уште еден симптом за проблеми со менталното здравје и не треба да го игнорирате.

Се изолирате

Иако е важно да минувате време со себе и да научите да уживате во свое друштво, не треба целосно да се изолирате од сите.

Ако ја одбивате буквално секоја покана за излегување, ако не враќате на пораки и повици и ако сè повеќе се затворате дома, избегнувајќи контакт со други, дефинитивно треба да се погрижите за менталното здравје.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg